Прејди на содржината

Ромул Августул

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ромул Августул
Golden coin
Солид на Ромул Августул, со натпис:
dn romvlvs avgvstvs p f avg
Римски император
на Западот
(непризнат на Истокот)
На престол31 октомври 475 – 4 септември 476
ПретходникЈулиј Непот[б 1]
Роден(а)ок.460–465
Панонија
Починал(а)ок.511–530
Престолно име
Dominus Noster Romulus Augustus Pius Felix Augustus
ТаткоФлавиј Орест
ВероисповедХалкедонско христијанство

Ромул Августул[б 2] — последниот цар на Западното Римско Царство, владеејќи од 31 октомври 475 до 4 септември 476 година. Бил син на Орест, началник од германско потекло. Орест во 475 година, станал противник на Јулиј Непот кој владеел од 474. Бидејќи како варварин не можел да седне на престолот, го препорачал својот син Ромул, додавајќи му го името Август. Така, последниот римски цар ги содржел во себе имињата на митолошкиот основач на Рим, и првиот принцепс кој ја создал империјата. Тој во голема мера не ни управувал со империјата, бидејќи за тоа бил надлежен татко му, а и самиот не се интересирал за политика. Познат е како Августул, кое во превод на македонски јазик би означувало малиот Август.

Но, татко му бил убиен од страна на Одоакар кој ја опседнал Равена, место каде се наоѓал Ромул Августул. Одоакар не само што не го убил, туку го испратил малото момче кај свои роднини во Кампанија, каде го продолжил своето образование. Се смета дека починал околу 536 година, пред да се воспостави византиска власт во Рим.

  1. Јулиј Непот и натаму го претендирал престолот во егзил во Далмација, сè до неговото убиството во 480 година.[1]
  2. Изворите не ја спомнуваат возраста кога станал цар, туку само дека тој се сметал за „млад“; неговиот точен датум на раѓање не е познат.[2]
  1. Mathisen 1997.
  2. Jones et al 1980, стр. 949–950.