Флоријан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Флоријан
Починал 276
Тарс, денешна Турција

Флоријан бил римски цар. Познат и како Марко Аниј Флоријан Пиј . Со Римското Царство управувал од 275 до 276 година, во времетраење од 88 денови. Се смета дека бил брат на Такит. Бил наследен од страна на Проб. Станал цар без согласност на Сенатот. Тоа најмногу го искористил Проб, кој со својата војска го напаѓа на Флоријан. Подоцна, тој бил убиен од страна на сопствената легија.