Максенциј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Максенциј
Роден 283[1]
Починал 312
Рим, денешна Италија

Максенциј бил римски цар. Познат и како Марк Аврелиј Валериј Максенциј. Со Римското Царство управувал до 312 година. Во 293 година бил верен со ќерката на Галериј, Максмила. Син е на Максимијан. Го имал истиот карактер како и татко му. По абдикцијата на Диоклецијан, тој се вратил во Рим. Во 306 година започнале големи немири во Рим, главно поради големите даноци наложени од страна на Галериј, како и од новиот статус на градот во импријата. Максенциј ова најмногу го искористил, прогласувајќи се за принцепс на 28 октомври 306 година. Кога Галериј го испратил Север II да го задуши бунтот, Максенциј го замолил неговиот татко Максимијан повторно да се врати на власт. По ова, војниците на Север II, кои претходно служиле на Максимијан, се соединиле на страната на Максцениј.

Помеѓу синот и таткото настанале несогласувања. Така, во 308 година, Максцениј го принудил на Максимијан да абдицира. По абдицирањето му, тој објавил голема толерантност кон христијанското население, но само за кратко, организирајќи го поредното прогонување. Такко му избегал кај Константин I во Галија, каде се сродил со него давајќи му ја неговата ќерка Фуаста за жена. По неуспешен обид повторно да си ја врати властта, Максимијан умрел во 310 година. По неговата смрт, се отворила можноста Константин I да претендира за власта во Италија и Африка, објавувајќи му војна на Максцентриј. По неколкугодишната војна, Максцентрија полека ги загубил своите позиции. Така, во последната негова битка, во Рим на реката Тибар Максинтриј паднал во водата од мостот и се удавил.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Barnes, New Empire, p. 34