Ливади (Лозово)
Изглед
„Ливади“ | |
| Местоположба | 41°47′00″N 21°53′54″E / 41.78333°N 21.89833°E |
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Лозово |
| Општина | Лозово |
| Тип |
|
| Период | неолитско време |
| римско време | |
| Портал „Археологија“ | |
Ливади или Огради — археолошко наоѓалиште кај светиниколското село Лозово, Општина Лозово. Претставува населба од неолитот и римско време.
Во непосредната близина на мотелот „Џумајлија“, со изградбата на винарската визба „AK Џумајлија“ делумно е уништена населба. Во преостанатиот дел на просторот на површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, по бојата и фактурата слични на оние од населбата Барутница во Амзабегово (IV), како и фрагменти од римска керамика и питоси.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Старо Село - Ќоочун — населба од неолитско време
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 354. ISBN 9989-649-28-6.
