Вршник (Каратманово)
Вршник – Џамалџиски Гробишта — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Каратманово, Општина Лозово. Претставува населба, базилика и некропола од доцноантичкото време. На 2,5 км јужно од селото, покрај патот за селото Кишино има фрагменти од керамички садови и многу градежен материјал. На североисточниот крај од теренот лежи столб од бел мермер, веројатно од базилика, а на југоисточниот крај се наоѓаат големи правоаголни плочи од гробни конструкции. [1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Думанлија — населба римското време;
- Машатл’к —некропола од римското време;
- Срма — населба со некропола од доцноантичкото време;
- Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 351. ISBN 9989-649-28-6.
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцноантичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на базилика
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Каратманово
- Археолошки наоѓалишта во Општина Лозово
- Археолошки наоѓалишта во Светиниколско