Јурутлук (Ќоселари)
Јурутлук — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Ќоселари. Наоѓалиштето претставува населба од неолитско време. Во нивата на Ш. Георгиев, што се наоѓа на 2 км северозападно од селото и 150 м југоисточно од железничката пруга Велес - Кочани, со површина од 250 × 150 м, има фрагменти од керамички садови, претежно со црвена и кафеава боја, како и фрагменти сликани со темнокафеава боја, кои се слични на керамиката од средно неолитските слоеви во населбата Барутница во Амзабегово (III-IV). Исто така, присутни се и парчиња од куќен лепеж.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Банка Трла — населба, базилика и некропола од доцноантичкото време;
- Јурутлук — населба од неолитското време;
- Крангова Бавча — населба и некропола од доцноантичкото време;
- Манастир — средновековна населба и црква;
- Над Чешма — населба од неолитското, хеленистичкото и римското време;
- Ќоселари;
- Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 354. ISBN 9989649286.
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |