Браница (Сарамзалино)
Браница — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Сарамзалино. Претставува населба од римско време.
На периферијата на селото, во непосредната близина на училиштето, при обработувањето на нивите се откриени темели од објекти, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и многу градежен материјал. Од ова наоѓалиште потекнува мермерната ара која е поставена како скалило во училиштето.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Браница — населба од римското време;
- До Селото — тумул од железното време;
- Јасика — водовод од римското време;
- Сарамзалино;
- Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 358, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |