Црна Црква (Ѓуземелци)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црна Црква


Местоположба 41°49′41″N 21°52′33″E / 41.82806° СГШ; 21.87583° ИГД / 41.82806; 21.87583Координати: 41°49′41″N 21°52′33″E / 41.82806° СГШ; 21.87583° ИГД / 41.82806; 21.87583
Основни податоци
Место Ѓуземелци
Општина Лозово
Тип

Археомак 2.0 графички знак (црква).svg црква Археомак 2.0 графички знак (некропола).svg некропола


Период среден век
Портал „Археологија“

Црна Цркваархеолошко наоѓалиште во светиниколското село Ѓуземелци. Наоѓалиштето претставува средновековна населба и некропола. На 150 м североисточно од селото, крај патот што води за селото Горобинци се наоѓаат урнатини од црква со димензии од 10 × 5 м, од која северниот и западниот ѕид се речиси во првобитната височина. На внатрешните површини на ѕидовите има остатоци од живопис. Пред влезот на црквата има поголем фрагмент од столб од камен песочник, а околу неа се гледаат контури од гробови од камени плочи со насоченост запад-исток.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 351, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069