Тар (пустина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пустина Тар
Голема Индиска Пустина
Пустина
Пустината Тар во Раџастан, Индија
Прекар: Лавана сагра (солено место), Тар, Тарли
Земји  Индија,  Пакистан
States in
India
Раџастан, Пенџаб, Гуџарат, Харајана
Држави во
Пакистан
Синд, Пенџаб
Биом Пустина
Растение Thorn scrub forest
Животно Чинкара

Тар или Голема Индиска Пустина — широко сушно подрачје во северозападниот дел на Индискиот потконтинент кој зафаќа површина од 200.000 км2 и образува природна граница меѓу Индија и Пакистан.

Околу 75% од пустината Тар се наоѓа во Индија, а останатите 25% се во Пакистан.[1] Во Индија, пустината се протега на околу 150.000 км2, додека остатокот (50.000 км2 е во Пакистан. Пустината Тар опфаќа приближно околу 5%(~4,56%) од целокупното географско подрачје на Индија. Повеќе од 60% од пустината се наоѓа во државата Раџастан, и се протега во Гуџарат, Пенџаб и Харајана.[2] Пустината е составена од еден многу сув дел, регионот Марустали на запад, и друг полупустински регион на исток, со помалку песочни дини и малку повеќе врнежи.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Сателитска слика на НАСА на пустината Тар, со истакната граница меѓу Индија и Пакистан

Пустината Тар се наоѓа меѓу планинскиот венец Аравали во североисточниот дел,[1] регионот Кач долж брегот и алувијалните рамнини на реката Инд во западниот и северозападниот дел. Поголемиот дел од пустината е покриен со огромни песочни дини чии седименти потекнуваат од алувијалните рамнини и од крајбрежјето. Песокот е многу подвижен заради силните ветришта што се појавуваат пред почетокот на монсунот. Реката Луни е единствената река внатре во пустината.[4] Забележани се 100–500 mм (3.9–19.7 ин) врнежи годишно, главно во периодот од јули до септември.[1]

Солени езера[уреди | уреди извор]

Поглед на пустината Тар

Пустината Тар има солени езера:

Овие езера добиваат и собираат дождовна вода за време на монсуните и испаруваат во текот на сушната сезона. Солта потекнува од карпите во регионот.[5]


Контрола и пошумување[уреди | уреди извор]

Пустинска вегетација
Каналот Нара потекнува од источниот брег на реката Инд и поминува низ пустината Тар

Пустината Тар се наводнува со 649 kм (2,129,000 ст) долгиот канал Индира Ганди.[1] Тој бил замислен за да се запре ширењето на пустината во плодни области.

Почвата на пустината Тар е сува во поголем дел од годината и е склона кон ветерна ерозија. Брзите силни ветрови ја дуваат почвата од пустината, депонирајќи наслаги на соседните плодни земјишта и предизвикуваат поместувања на песочните дини во пустината. Песочните дини се стабилизираат со пошумувања на дините со грмушки од видовите: Calligonum polygonoides (фог), Cassia auriculata (сена), Ricinus communis (рицинус) и дрва како Acacia senegal, Prosopis juliflora и Albizia lebbeck.

Плантажи посадени со жожоба во Фатехпур, Раџастан

Има неколку локални видови дрва погодни за садење во пустината коишто растат бавно. Затоа биле посадени плантажи со други егзотични дрвја. Многу видови на евкалиптус, багрем, касија и други видови од Израел, Австралија, САД, Русија, Зимбабве, Чиле, Перу и Судан се покажале погодни за пошумување во пустината. Видот Acacia tortilis се покажал како најперспективен вид за пустинското пошумување а овие области се покажале погодни и за садење на жожоба.[1]

Заштитени подрачја[уреди | уреди извор]

Чинкара или 'Индиска газела'

Има неколку заштитени подрачја во пустината Тар.

  • Во Индија:
    • Пустинскиот национален парк покрива 3,162 km2 (1,221 ми) вклучува 44 села и го претставува екосистемот на пустината Тар.[6] Неговата разновидна фауна вклучува големата индиска дропка (Chirotis nigricaps), еленска антилопа, чинкара, лисица, бенгалска лисица, волк и каракал. Школките и масивните фосилизирани стебла во овој парк се запис на геолошката историја на пустината;
    • Светилиштето Тал Чапар покрива 7 km2 (2.7 ми) и е значајно подрачје на птици. Се наоѓа во областа Чуру, 210 kм (690,000 ст) од Џајпур, и регионот Шехавати. Светилиштето е дом на поголема популација на еленски антилопи, лисици и каракал. Воедно, на еребици и на пустинарки;
    • Резерватот Сунда Мата покрива 117.49 km2 (45.36 ми) и се наоѓа во областа Џалор.[7]
  • Во Пакистан:
    • Пустинското светилиште Нара покрива 6,300 km2 (2,400 ми);[8]
    • Кач.

Историја[уреди | уреди извор]

Положбата на пустината Тар (портокалова боја) во железното доба на Ведска Индија.
Текот на реката Сарасвати низ пустината Тар

Тар во старата книжевност[уреди | уреди извор]

Реката Сарасвати е една од главните ригведски реки споменати во старите хиндуистички текстови. Химната во Ригведа ја споменува Сарасвати помеѓу Јамуна на исток и Сутлеј на запад, а подоцнежните ведски текстови како Тандја и Самаведа, Браманите, како и Махабхарата спомнуваат дека Сарасвати пресушила во пустина.

Повеќето научници се согласуваат дека барем некои од референциите на Сарасвати во Ригведа се однесуваат на реката Гагар-Хакар.

Во епот Махабхарата се споменува шумата Камијака која се наоѓа на западната граница на кралството Куру (Куру Пропер и Куруџангала), на бреговите на реката Сарасвати, западно од рамнината Курукшетра, во која се наоѓало езеро познато како Камјака. Шумата Камјака се споменува како да се наоѓа на чело на пустината Тар,[9] близу езерото Тринавинду. Народот Пандава, на нивниот пат кон прогонот во шумата, го напуштиле Праманакоти на бреговите на Ганг и отишле кон Курукшет, патувајќи во западна насока и преминувајќи ги реките Јамуна и Дришадвати. Тие на крај стигнале до бреговите на реката Сарасвати, каде што ја виделе шумата Камјака, на бреговите на Сарасвати, обиколени со птици и елени. Тука Пандавите живееле во аскетски азил. Ним им требало три дена со кочии да стигнат до шумата Камјака, тргнувајќи од Хастинапура.

Во Ригведа исто така се спомнува и една река наречена "Ашванати" заедно со реката Дришадвати.[10] Некои научници сметаат дека Сарасвати и Асванвати се една иста река.[9]

Во Пустинскиот национален парк во округот Џајсалмер има збирка фосили и растенија на животни од пред 180 милиони години.

Жив свет[уреди | уреди извор]

Еленска антилопа (Antilope cervicapra)
Паун на дрво од видот Prosopis cineraria

Фауна[уреди | уреди извор]

Песокта во пустината е прошарана со ридовите и чакални рамнини. Поради разновидното живеалиште и екосистем, вегетацијата, човечката култура и животинскиот свет во овој сушен регион е многу побогата во споредба со другите пустини на светот. Тука се наоѓаат околу 23 видови гуштери и 25 видови змии, а неколку од нив се ендемични во регионот.

Некои видови диви животни, кои брзо исчезнуваат во другите делови на Индија, се наоѓаат во пустината во голем број како на пример еленската антилопа (Antilope cervicapra), чинкарата (Gazella bennettii) и индиското диво магаре (Equus hemionus khur) во Кеч. Тие развиле одлични стратегии за преживување, по раст се помали од другите слични животни кои живеат во поинакви услови и главно се движат ноќе. Постојат и други фактори кои се одговорни за опстанокот на овие животни во пустината: поради недостатокот на вода во овој регион, трансформацијата на пасиштата во обработливо земјиште е многу бавна а фактор за нивниот опстанок била и заштитата од локалната заедница, Бисној. Другите цицачи на пустината Тар вклучуваат подвид на црвена лисица (Vulpes vulpes pusilla) и каракал.

Регионот е засолниште за 141 вид преселни птици и птици кои живеат во пустината. Може да се видат орел, јастреб, сокол, мршојадци. Постојат и видовите орли Circaetus gallicus, Aquila rapax, Aquila clanga, и видот сокол Falco jugger .

Паунот е означен како национална птица на Индија и провинциска птица на Пенџаб (Пакистан).

Флора[уреди | уреди извор]

Prosopis cineraria

Природната вегетација на оваа суво подрачје се класифицира како северозападна тревна грмушеста шума што се појавува во мали повеќе или помалку расфрлени групи.[11][12] Густината и големината се зголемуваат од запад кон исток, со зголемувањето на врнежите. Природната вегетација на пустината Тар се состои од следните дрва, грмушки и билки:[13]

  • дрва и грмушки: Acacia jacquemontii, Balanites roxburghii, Ziziphus zizyphus, Ziziphus nummularia, Calotropis procera, Suaeda fruticosa, Crotalaria burhia, Aerva javanica, Clerodendrum multiflorum, Leptadenia pyrotechnica, Lycium barbarum, Grewia tenax, Commiphora mukul, Euphorbia neriifolia, Cordia sinensis, Maytenus emarginata, Capparis decidua, Mimosa hamata
  • билки и треви: Ochthochloa, Dactyloctenium scindicum, Cenchrus biflorus, Cenchrus setigerus, Lasiurus scindicus, Cynodon dactylon, Panicum turgidum, Panicum antidotale, Dichanthium annulatum, Sporobolus marginatus, Saccharum spontaneum, Cenchrus ciliaris, Desmostachya bipinnata, видови Eragrostis, видови Ergamopagan, видови Phragmites, Tribulus terrestris, видови Typha, Sorghum halepense, Citrullus colocynthis

Ендемичните видови ги вклучуваат Calligonum polygonoides, Prosopis cineraria, Acacia nilotica, Tamarix aphylla, Cenchrus biflorus.[14]

A girl from the Gadia Lohars nomadic tribe of Marwar, cooking her food

Население[уреди | уреди извор]

Колиби во пустината Тар

Во Индија, населението е составено од Хиндуси, Муслимани и Сики. Во Пакистан, населението е составено од Муслимани и Хиндуси [15] Пустината Тар е најнаселената пустина во светот, со густина на население која изнесува 83 луѓе на км2[16]

Големата тврдина Деравар се наоѓа во Бахавалпур, Пакистан

Околу 40% од вкупната популација на Раџастан живее во пустината Тар.[9] Луѓето главно се занимаваат со земјоделство и сточарство. Во оваа пустина преовладува богата културна традиција. Луѓето имаат голема страст за народната музика и народната поезија. Малата популација се претежно сточари. Делот на пустината во Пакистан, исто така, има богата повеќеслојна култура, наследство, традиции, народни приказни, танци и музика поради нејзините жители кои припаѓаат на различни религии, секти и касти.

Џодпур е најголемиот град во регионот на пустината. Биканер и Џајсалмер исто така се наоѓаат во пустината.

Голем проект за наводнување и електрификација, областите на северната и западна пустина ги прави погодни за земјоделството. Во годините 1965 и 1971 година, размена на населението се одвивала во Тар помеѓу Индија и Пакистан. 3.500 муслимански семејства се префрлиле од индискиот дел во пакистанскиот дел на Тар, додека илјадници Хиндуси мигрирале од пакистанскиот во индискиот дел од Тар.[17][18][19]

Еко-систем на пустината[уреди | уреди извор]

Земјоделство[уреди | уреди извор]

Бајра (Просо)

Тар е една од најгусто населените пустински области во светот каде главните занимања на нејзините жители се земјоделството и сточарството. Земјоделството не е сигурно во оваа област, бидејќи по дождовната сезона, најмалку една третина од културите не успеваат. Сточарството, дрвата и тревите, поврзани со зеленчук или овошје, е најуспешниот модел за сушните подрачја. Регионот се соочува со чести суши.

Земјоделското производство е главно култури кои се одгледуваат во летната сезона и се засадуваат во јуни и јули. Тие потоа се собираат во септември и октомври и вклучуваат бајра (просо), мешунки како што се гуар, сорго (Sorghum vulgare), пченка (zea mays), сусам и кикирики. Во текот на изминатите неколку децении, развојот на функции за наводнување, вклучувајќи канали, го сменил моделот на култури со пустинските области во Раџастан, кои сега произведуваат пченица, ким и други слични култури.[9]

Јавање камила во пустината Тар во близина на Џаизалмер, Индија.

Сточарство[уреди | уреди извор]

Крави во пустината Тар

Во последните 15-20 години, пустината во Раџастан забележала многу промени, вклучувајќи и повеќекратен пораст на населението од луѓе и животни. Сточарството станало популарно поради тешките земјоделски услови. Во моментов, има десетпати повеќе животни по лице во Раџастан од националниот просек.

Голем број сточари во пустината Тар зависат од сточарството. Одгледуваат крави, биволи, овци, кози, камили.

Тар регионот на Раџастан е најголемата област за производство на волна во Индија. Од вкупното производство на волна во Индија, 40-50% доаѓа од Раџастан. Волната од овци од Раџастан се смета за најдобра за индустријата за килими во светот. Волната од расата овца Чокла се смета за супериорен квалитет. Биканер е најголем пазар за волна во Азија.[9]

Важноста на сточарството може да се разбере од организацијата на голем број на сточарски саеми во регионот.

Агрошумарство[уреди | уреди извор]

Хеџари (Prosopis cineraria) во Раџастан
Tecomella undulata

Шумарството има важна улога во подобрувањето на условите во полуаридни и суви почви. Ако правилно се планира, шумарството може да даде значаен придонес за општата благосостојба на луѓето што живеат во пустинските области. Животниот стандард на луѓето во пустината е низок. Тие не можат да си дозволат други горива како гас, керозин итн. Огревно дрво е нивното главно гориво, од вкупната потрошувачка на дрво околу 75% е огревно дрво. Шумската покривка во пустината е ниска. Раџастан има површина од 31150 km2 што е околу 9% од географската област. Шумското подрачје е главно во јужните делови на Раџастан, како Удајпур и Читоргар. Минималната шумска површина е во областа Чуру само 80 км 2.Така шумата е недоволна за да ги задоволи потребите на огревно дрво и пасење во пустинските области. Ова, пак, резултира со намалување на земјоделското производство. Моделот на агрошумарство најдобро им одговара на луѓето од пустината.[20]

Институт за истражување на суровини во шумата, (AFRI) кој се наоѓа во Џодпур е еден од институтите на Индискиот совет за истражување и образование на шумите (ICFRE), кој работи под Министерството за животна средина и шуми на Индија. Целта на Институтот е да се спроведе научно истражување во шумарството со цел да се обезбедат технологии за зголемување на вегетативната покривка и зачувување на биолошката разновидност во топла сувиот и полусушен регион на Раџастан, Гуџарат и Дадара и Нагар Хавели.

Најважни дрвни видови во пустината се:

  • Prosopis cineraria кое се користи и како сточна храна. Содржи висока калориска вредност и обезбедува висококвалитетно огревно дрво. Корените, исто така, ја поттикнуваат азотната фиксација, која произведува повисоки приноси од култури.
  • Tecomella undulata. Нејзиното дрво е силно, тешко и издржливо. Дрвото е одлично за огрев и јаглен. Говедата и козите ги јадат листовите од дрвото. Камели, кози и овци ги консумираат цвеќињата. Се смета за дом на птици и обезбедува засолниште за други пустински диви животни. Сенката на дрвената круна е засолниште за добитокот, козите и овците во летните денови. Дрвото има и лековити својства. Кората добиена од стеблото се користи како лек за сифилис. Исто така се користи за лекување на уринарни нарушувања, проширување на слезината, гонорејата, леукодермијата и заболувањата на црниот дроб. Семето се користи против апсцес.

Индустрија[уреди | уреди извор]

Автопат низ пустината Тар

Раџастан е најистакнат во производство на камен и рударство во Индија. Државата е втор по големина извор на цемент во Индија.[9]

Лигнитен јаглен се наоѓа на местата Хирал, Капуради, Јалипа, Бхадка во Бамер област; Плана, Гуда, Битнок, Барсингхпур, Мандла Чаран, Ранери Хадла во округот Биканер и Каснау, Мерта, Лунсар итн. Во областа Нагаур термоцентрала на лигнит е основана во Хирал во областа Бамер..[9]

Постои нафта во Џизалмер и Бамер. Мангала, Багијам и Ајшварија се главните нафтени полиња. Бамерската област веќе започнала со производство на нафта во комерцијален размер.[9]

Пустината е идеално место за производство на електрична енергија од ветер. Според проценката, Раџастан има потенцијал за производство на енергија од 5500 мегавати. Раџастан ја основа својата прва електрична централа на ветер во областа Џајзалмер. Некои водечки компании во областа работат на формирање ветерници во окрузите Бамер, Џизалмер и Биканер. Соларната енергија, исто така, има голем потенцијал во овој регион, бидејќи повеќето денови во текот на годината нема облаци.[9]

Екотуризам и рекреација[уреди | уреди извор]

Изгрејсонце во пустината

Пустинските сафари на камили стануваат сè попопуларни околу Џазалмер. Домашните и меѓународните туристи често бараат авантура на камили. За време на ваквите сафари патувања, туристите можат да го видат кревкиот и прекрасен екосистем на пустината Тар. Оваа форма на туризмот обезбедува приход на многу оператори и сопственици на камили во Џазалмер, како и вработување за многу камилски туристи во пустинските села во близина.

Пустински племиња близу Џазалмер, Индија

Во пустината Тар секоја година се одржуваат разни фестивали. Раџастанските пустински фестивали се слават во широк обем, еднаш годишно, во тек на зимите. Облечени во сјајни обоени костими, луѓето од пустината танцуваат и пеат.

Камилите се составен дел од пустинскиот живот и камилските настани за време на Пустинскиот фестивал. Посебни напори одат во облекување на животното за да влезат во спектакуларен натпревар на најдобро облечена камила. Други интересни натпревари се натпреварувањата за мустаќи и турбан, кои не само што покажуваат славна традиција, туку и ги инспирираат нејзините зачувување. И турбан и мустаќи се вековни симболи на честа во Раџастан.

Видете[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Sinha, R. K., Bhatia, S., & Vishnoi, R. (1996). "Desertification control and rangeland management in the Thar desert of India". RALA Report No. 200: 115–123.
  2. Sharma, K. K. and S. P. Mehra (2009). "The Thar of Rajasthan (India): Ecology and Conservation of a Desert Ecosystem". Chapter 1 in: Sivaperuman, C., Baqri, Q. H., Ramaswamy, G., & Naseema, M. (eds.) Faunal ecology and conservation of the Great Indian Desert. Springer, Berlin Heidelberg.
  3. Sharma, K. K., S. Kulshreshtha, A. R. Rahmani (2013). Faunal Heritage of Rajasthan, India: General Background and Ecology of Vertebrates. Springer Science & Business Media, New York.
  4. Laity, J. J. (2009). Deserts and Desert Environments. John Wiley & Sons.
  5. Ramesh, R., Jani, R. A., & Bhushan, R. (1993). "Stable isotopic evidence for the origin of salt lakes in the Thar desert". Journal of Arid Environments 25 (1): 117–123.
  6. Rahmani, A. R. (1989). "The uncertain future of the Desert National Park in Rajasthan, India". Environmental Conservation 16 (03): 237–244.
  7. WII (2015). Conservation Reserves Wildlife Institute of India, Dehradun.
  8. Ghalib, S. A., Khan, A. R., Zehra, M., & Abbas, D. (2008). "Bioecology of Nara Desert Wildlife Sanctuary, Districts Ghotki, Sukkur and Khairpur, Sindh". Pakistan Journal of Zoology 40 (1): 37–43.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 9,6 9,7 9,8 Gupta, M. L. (2008). Rajasthan Gyan Kosh. 3rd Edition. Jojo Granthagar, Jodhpur.
  10. aśmanvatī rīyate saṃ rabhadhvamut tiṣṭhata pra taratāsakhāyaḥ | atrā jahāma ye asannaśevāḥ śivān vayamuttaremābhi vājān || (RV:10.53.8)
  11. Champion, H. G. and S. K. Seth. (1968). A revised survey of the forest types of India. Government of India Press
  12. Negi, S. S. (1996). Biosphere Reserves in India: Landuse, Biodiversity and Conservation. Indus Publishing Company, Delhi.
  13. Kaul, R. N. (1970). "Afforestation in arid zones". Monographiiae Biologicae (20), The Hague.
  14. Khan, T. I., & Frost, S. (2001). "Floral biodiversity: a question of survival in the Indian Thar Desert". Environmentalist 21 (3): 231–236.
  15. Raza, Hassan. „Mithi: Where a Hindu fasts and a Muslim does not slaughter cows“, „Dawn“, 5 март 2012. „A Muslim resident of Thar shared his account by saying: "In our village, Hindus and Muslims have been living together for decades and there has not been a single day, when I have seen a religious conflict. No loud speaker is used for Azaan at the time when Hindus are worshiping in their temple, and no bells are rung when it is time for namaz. Nobody eats in public when it is Ramazan and Holi is played by every member of the village." I had always heard stories about interfaith harmony from Sindh but it was so much more amazing to see it firsthand. The love and brotherhood that exists between the Hindus and Muslims of Mithi is a perfect example of pluralism and the tolerant Sufi culture of Sindh.“
  16. Singh, P. (ed.) (2007). "Report of the Task Force on Grasslands and Deserts". Government of India Planning Commission, New Delhi.
  17. Hasan, Arif; Raza, Mansoor (2009). Migration and Small Towns in Pakistan. IIED. стр. 15–16. ISBN 9781843697343. https://books.google.com.au/books?id=U7imPH4KVJUC&pg=PA15&lpg=PA15&dq=arif+hasan+thar+desert+migration&source=bl&ots=7GRqmk6oHa&sig=k-rGWyIFOdrYGzpLkiMWzjjTIjo&hl=en&sa=X&ved=0ahUKEwjqyYXJjovRAhVLkpQKHdjOBo0Q6AEIJzAE#v=onepage&q=arif%20hasan%20thar%20desert%20migration&f=false. „In the 1965 war, Pakistan captured a large area of the Indian part of the Thar desert, and in 1971 India captured a large part of the Thar desert in Pakistan. Many UCs in Pakistani Thar were Hindu majority areas, and Pakistani Thar as a whole was dominated by the Hindu upper caste who controlled most of the productive land and livestock. They also dominated the politics of Thar and strictly enforced caste divisions, making upward social and economic mobility almost impossible for the Hindu lower castes. Their control over the caste system also ensured the maintenance of agriculture-related infrastructure through baigar (forced labour) and the protection of forests and pasture lands. Following the 1965 and 1971 wars, the Hindu upper castes and their retainers fled to India. As a result, the feudal institutions that managed agricultural production and the maintenance of infrastructure collapsed. This has had severe repercussions on the natural environment of Thar. In addition, the lower castes were freed from serfdom and to some extent from discrimination. Many of their members, as a result, have acquired education and are important professionals and NGO leaders. Apart from the migration of Hindus to India, 3,500 Muslim families moved from Indian Thar to Pakistani Thar. They were given 12 acres of land per family (a total of 42,000 acres), thus introducing another factor in the social and political structure of Thar and creating a new interest group.“ 
  18. Maini, Tridivesh Singh. „Not just another border“, „Himal South Asian“, 15 август 2012. „It was not 1947 but the Indo-Pak war of 1971 which proved to be the game changer on this part of the border, since it was then that Hindus from Sindh, worried about persecution in Pakistan, fled to India. The cross-border train service had already been stopped following the 1965 war between India and Pakistan, and resumed only in 2006. Hindu Singh Sodha, a 15-year-old at that time he fled Pakistan in 1971, has set up the Seemant Lok Sangathan, which has been fighting for citizenship rights for all Hindu refugees from Sindh. During the war, Muslims from this region also fled to Pakistan.“
  19. Arisar, Allah Bux. „Families separated by Pak-India border yearn to see their loved ones“, „News Lens Pakistan“, 6 октомври 2015. „Another woman, Amnat, a resident of Umerkot had a similar story to tell. She was married at the age of 17 and her husband took her to Pakistan. She is presently 60 years old. Her husband passed away 23 years ago. “My father Abdul Karim had also migrated from Rajasthan, India to Umerkot”. One of reasons is that his daughter lives in Sindh. Her father narrated to her that at the time of Pak-India wars, Muslims in the border’s districts were robbed, killed and harassed by the Indian army, hence he preferred to migrate to a Muslim country like Pakistan to avoid confrontation. She recalled that in the 1965 War between Pakistan and India; Kaprao, Konro, Boath, Vauri, Gahrr jo Tarr, Dedohar, Mate ka Talha, Bijhrar, and a number of other border villages were evacuated. Four persons were killed in the village of Kaprao by the Indian Army based on the allegations that they had been helping the Pakistan Army.“
  20. "Arid Agriculture: State-of-the-Art Agro-Forestry vs. Deserts on the March" Архивирано 19 December 2006 во Wayback Machine.. Brook & Gaurav Bhagat 14 August 2003

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Bhandari M. M. Flora of The Indian Desert, MPS Repros, 39, BGKT Extension, New Pali Road, Jodhpur, India.
  • Zaigham, N. A. (2003). "Strategic sustainable development of groundwater in Thar Desert of Pakistan". Water Resources in the South: Present Scenario and Future Prospects, Commission on Science and Technology for Sustainable Development in the South, Islamabad.
  • Govt. of India. Ministry of Food & Agriculture booklet (1965)—"Soil conservation in the Rajasthan Desert"—Work of the Desert Afforestation Research station, Jodhpur.
  • Gupta, R. K. & Prakash Ishwar (1975). Environmental analysis of the Thar Desert. English Book Depot., Dehra Dun.
  • Kaul, R. N. (1967). "Trees or grass lands in the Rajasthan: Old problems and New approaches". Indian Forester, 93: 434-435.
  • Burdak, L. R. (1982). "Recent Advances in Desert Afforestation". Dissertation submitted to Shri R. N. Kaul, Director, Forestry Research, F.R.I., Dehra Dun.
  • Yashpal, Sahai Baldev, Sood, R.K., and Agarwal, D.P. (1980). "Remote sensing of the 'lost' Saraswati river". Proceedings of the Indian Academy of Sciences (Earth and Planet Science), V. 89, No. 3, pp. 317–331.
  • Bakliwal, P. C. and Sharma, S. B. (1980). "On the migration of the river Yamuna". Journal of the Geological Society of India, Vol. 21, Sept. 1980, pp. 461–463.
  • Bakliwal, P. C. and Grover, A. K. (1988). "Signature and migration of Sarasvati river in Thar desert, Western India". Record of the Geological Survey of India V 116, Pts. 3–8, pp. 77–86.
  • Rajawat, A. S., Sastry, C. V. S. and Narain, A. (1999-a). "Application of pyramidal processing on high resolution IRS-1C data for tracing the migration of the Saraswati river in parts of the Thar desert". in "Vedic Sarasvati, Evolutionary History of a Lost River of Northwestern India", Memoir Geological Society of India, Bangalore, No. 42, pp. 259–272.
  • Ramasamy, S. M. (1999). "Neotectonic controls on the migration of Sarasvati river of the Great Indian desert". in "Vedic Sarasvati, Evolutionary History of a Lost River of Northwestern India", Memoir Geological Society of India, Bangalore, No. 42, pp. 153–162.
  • Rajesh Kumar, M., Rajawat, A. S. and Singh, T. N. (2005). "Applications of remote sensing for educidate the Palaeochannels in an extended Thar desert, Western Rajasthan", 8th annual International conference, Map India 2005, New Delhi.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]