Гуарана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гуарана
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Розиди
Ред: Sapindales
Семејство: Sapindaceae
Род: Paullinia
Вид: Гуарана
Научен назив
Paullinia cupana
Kunth

Гуарана е растение од групата бобинки.

Опис[уреди | уреди извор]

Гуараната потекнува од Бразил, а особено е распространета во басенот на Амазон. Растението има грмушесто стебло, а може да достигне висина до 12 метри. Најкарактеристичен дел е зрното кое има големина на кафе, но со поспецифичен изглед, со изразена портокалово-црвена обвивка којашто го заштитува зрното. Кога плодот ќе созрее, обвивката пука. Во внатрешноста, зрното има црна боја и тоа е обвиткано со арил.[1]

Легенди за потеклото на гуараната[уреди | уреди извор]

Поради специфичниот изглед на зрното, постојат неколку легенди за постанокот на гуараната, а кои потекнуваат од Бразил. Според една од нив, едно мало момче од некое село било измамено од ѓаволот да појде во џунглата. Таму, ѓаволот го убил момчето, а селаните отишле да го бараат неговото тело и таму ја нашле гуараната за која верувале дека е дар од добронанерниот бог, кој сакал да ги утеши. Затоа, за гуараната се вели дека ги претставува очите на убиеното момче. Според некои записи, за некои племиња од Амазон гуараната има бесценета вредност. Денес, во бразилскиот град Мауез постои фестивал посветен на гуараната.[1]

Хранливи и лековити својства на гуараната[уреди | уреди извор]

Во однос на хранливите својства на гуараната постојат многубројни докази. Така, во минатото била издвоена компонента од гуараната која била наречена гуаранин, но подоцна се открило дека станува збор за кофеин. Имено, гуараната поседува два-трипати поголема концентрација на кофеин во споредба со кафето, а ефектот на овој тип кофеин трае подолго во споредба со кафето или чајот. Според едно истражување од 1989 година, гуараната делува благотворно врз намалување на згрутчувањето на крвта и во намалувањето на ризикот од тромбоза. Друго истражување покажало дека гуараната влијае врз мозочната активност преку зголемување на меморијата и концентрацијата. Исто така, таа се користела како помош при главоболки, мигрена и ревматски болки, благодарение на нејзиното анелгетско дејство. Најпосле, важно е нејзиното дејство при некои бактериски инфекции, како: Салмонела, Ешерихија коли итн.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Гуарана“, Биокулт, број 9, ноември 2016, стр. 6.
  2. „Гуарана“, Биокулт, број 9, ноември 2016, стр. 7.