Кофеин
Други називи 1,3,7-триметилксантин | |
Назнаки | |
---|---|
58-08-2 | |
ChemSpider | 2424 |
3Д-модел (Jmol) | Слика |
RTECS-бр. | EV6475000 |
| |
Својства | |
Хемиска формула | |
Моларна маса | 0 g mol−1 |
Изглед | безмирисен, бели долгнавести кристали или прашак |
Густина | 1,23 g/cm3, цврст |
Точка на топење | |
Точка на вриење | |
2,17 g/100 ml (25 °C) 18,0 g/100 ml (80 °C) 67,0 g/100 ml (100 °C) | |
Киселост (pKa) | −0,13–1,22[1] |
Диполен момент | 3,64 D (пресметана) |
Опасност | |
Безбедност при работа: | |
Главни опасности
|
Може да доведе до смрт ако се вдише или проголта или доколку се апсорбира преку кожата. |
NFPA 704 | |
Температура на запалување | N/A |
Смртоносна доза или концентрација: | |
LD50 (средна доза)
|
192 mg/kg (глувци, орално)[2] |
Дополнителни податоци | |
Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |
Наводи |
Кофеинот е метилксантин кој е присутен во чајот и во кафето и претставува стимулативно средство кое денес се користи низ целиот свет. Ова соединение претставува алкалоид горчлив по вкус (впрочем тоа е и едно од физичките својства на алкалоидите). Изолиран од чајот и кафето и се употребува во медицината како благ стимуланс, како и за третирање на некои видови главоболки. Дејството на кофеинот е различно и широко. Преку инхибиција на некои ензими се влијае врз покачувањето на концентрацијата на цикличниот AMP (аденозин монофосфат).
Употреба
[уреди | уреди извор]Кофеинот делува стимулативно врз нервниот систем, делува на бубрезите како благ диуретик и при тоа помага во исфрлувањето на вишокот на флуиди од организмот. Кофеинот исто така делува стимулативно врз срцевиот мускул, ја покачува будноста итн. Инфузиите направени од листовите на Camellia sinensis (чај) се конзумирале на исток пред околу два милениума и практично се донесени во Европа во шеснаесеттиот век.
Британците се сметаат за најголеми консументи на чај, со просечна годишна конзумација од околу 4,5 кг, a тоа одговара на околу 300 mg кофеин.
Зрната од кафе содржат просечно по 1 % кофеин, зелениот чај содржи 1,5 - 2,5 % кофеин, кола пијалаците содржат од 12 – 18 mg кофеин на 100 mL, а некои енергетски пијалаци можат во себе да содржат значително поголем процент на кофеин.
Кофеинот претставува стимулативно средство кое создава извезна зависност. Кофеинот може да ја подобри мобилизацијата на слободните масни киселини, притоа овозможувајќи му на организмот да ги искористи како енергија (мастите при разложувањето ослободуваат најголем процент на енергија, потоа доаѓаат белковините, па јаглехидратите). Многу истражувачи се обидуваат да ја поврзат големата консумација на кофеин со зголемувањето на ризикот од болести, како на пример ракот, високиот крвен притисок и срцевите заболувања, но досега постењето на ваква врска не е еднозначно докажано.
Кофеинот кога се прима заедно со друга храна може да пречи во апсорбцијата на минералите, како на пример калциумот и железото. Така на пример пиењето многу кока-кола може да пречи во апсорбцијата на калциум, а со тоа забите и коските стануваат помалку отпорни на кршење.
Литература
[уреди | уреди извор]- ↑ This is the pKa for protonated caffeine, given as a range of values included in Harry G. Brittain, Richard J. Prankerd (2007). Profiles of Drug Substances, Excipients and Related Methodology, volume 33: Critical Compilation of Pka Values for Pharmaceutical Substances. Academic Press. ISBN 012260833X.
- ↑ Peters, Josef M. (1967). „Factors Affecting Caffeine Toxicity: A Review of the Literature“. The Journal of Clinical Pharmacology and the Journal of New Drugs (7): 131–141.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- How Stuff Works: "How Caffeine Works"
- Erowid Caffeine Vaults
- Highly Caffeinated: The Caffeine Information Archive"
- National Geographic January 2005: Caffeine[мртва врска]
- Caffeine Zone: Social and Medical info on caffeine and its effects. Архивирано на 9 август 2019 г.
- Naked Scientists Online: Why do plants make caffeine?
- The Physician and Sportsmedicine: Caffeine: A User's Guide Архивирано на 21 јуни 2008 г.
- The Consumers Union Report on Licit and Illicit Drugs, Caffeine-Part 1 Part 2
- Coffee: A Little Really Does Go a Long Way, NPR, September 28, 2006
- Does coffee really give you a buzz? by John Triggs in the Daily Express April 17 2007
- Caffeine: ChemSub Online
- How much caffeine is in your daily habit? (Caffeine content in common foods and drinks) by Mayo Clinic Staff October 2007
- Extensive Caffeine Database (allows you to calculate your daily caffeine consumption)
|
|