Серотонин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Серотонин
Skeletal formula of serotonin
Ball-and-stick model of the serotonin molecule
Space-filling model of the serotonin molecule
Electron Map of the serotonin molecule
Назнаки
50-67-9 Yes check.svgОк
ChEBI CHEBI:28790 Yes check.svgОк
ChEMBL ChEMBL39 Yes check.svgОк
ChemSpider 5013 Yes check.svgОк
5
Jmol-3D слики Слика
KEGG C00780 Yes check.svgОк
MeSH Serotonin
PubChem 5202
UNII 333DO1RDJY Yes check.svgОк
Својства
Молекулска формула C10H12N2O
Моларна маса 176.215 g/mol
Изглед White powder
Точка на топење

121–122 °C (ligroin) [1]

Точка на вриење

416 ± 30 °C (at 760 Torr) [2]

Растворливост во вода slightly soluble
Киселост (pKa) 10.16 in water at 23.5 °C [3]
Диполен момент 2.98 D
Штетност
MSDS External MSDS
LD50 750 mg/kg (subcutaneous, rat),[4] 4500 mg/kg (intraperitoneal, rat),[5] 60 mg/kg (oral, rat)
 Yes check.svgОк(што е ова?)  (завери)
Освен каде што е поинаку назначено, податоците се однесуваат за материјалите во нивната стандардна состојба (при 25 ° C, 100 kPa)
Наводи

Серотонинот или 5-хидрокситриптамин е невротрансмитер.

Опис[уреди | уреди извор]

Главно се наоѓа во гастроинтестиналниот тракт, крвните плочки и централниот нервен систем на животните, вклучувајќи ги и луѓето. Своите ефекти ги дава поврзувајќи се за серотонинските (5-HT) рецептори. Настанува во нервните клетки и ги пренесува информациите од една до друга нервна клетка при што дејствува веднаш. Кај мажите, серотонинот се создава дури и за 52% повеќе во однос на жените.[6] На создавањето на серотонинот влијаат многу фактори при што многу е важна генетиката. Притоа, кај одделни луѓе се создаваат различни киличества серотонин, а неговиот ефект зависи и од тоа на кој рецептор е врзан. Исто така, важно е дали со исхраната во организмот се внесува аминокиселнината триптофан, бидејќи таа влијае врз создавањето на серотонинот. На количеството на серотонин влијае и менталната активност.[7] Постојат седум вида серотонински рецептори.

Ефекти на серотонинот[уреди | уреди извор]

Недостигот на серотонин може да предизвика чувство на непријатност од кое произлегува копнежот по слатка храна. Серотонинот има различни функции: ги забрзува моторните функции, го регулира крвотокот во мозокот, влијае врз регулацијата на телесната температура, има аналгетско дејство, го намалува апетитот, а ако го има премногу, тогаш ја намалува желбата за сексуална активност или ја оневозможува ерекцијата кај мажите. Доколку дојде до намалено создавање на серотонин во нервниот систем, доаѓа до нарушување на расположението во вид на депресија, а често и во вид на анксиозност. Понатаму, недоволното ниво на серотонин го намалува и нивото на мелатонин во организмот, што го нарушува циклусот на спиење.[8]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Pietra, S.;Farmaco, Edizione Scientifica 1958, Vol. 13, pp. 75–9.
  2. Calculated using Advanced Chemistry Development (ACD/Labs) Software V11.02 (©1994–2011 ACD/Labs)
  3. Mazák, K.; Dóczy, V.; Kökösi, J.; Noszál, B. (2009). Proton Speciation and Microspeciation of Serotonin and 5-Hydroxytryptophan. „Chemistry & Biodiversity“ том  6 (4): 578–90. doi:10.1002/cbdv.200800087. PMID 19353542. 
  4. Erspamer, Vittorio (1952). „Ricerca Scientifica“ том  22: 694–702. 
  5. Tammisto, Tapani (1968). „Annales Medicinae Experimentalis et Biologiea Fenniae“ том  46 (3, Pt. 2): 382–4. 
  6. „Однесувањето и размислувањето се најважни за хормоните на среќа“, Здравје, понеделник, 3 ноември 2014, стр. 20-21.
  7. „Однесувањето и размислувањето се најважни за хормоните на среќа“, Здравје, понеделник, 3 ноември 2014, стр. 20-21.
  8. „Однесувањето и размислувањето се најважни за хормоните на среќа“, Здравје, понеделник, 3 ноември 2014, стр. 20-21.