Холистан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пустина Холистан
Деравар е најдобриот преживеан пример за тврдините кои биле користени за да ги чуваат пустинските каравански рути.
Географија
МестоположбаПенџаб, Раџастан
ЗемјаПакистан, Индија
Координати28°30′ N; 70°00′ E / 28.5° СГШ; 70° ИГД / 28.5; 70

Пустина Холистан или Чолистан (урду: صحرائے چولستان; пенџапски:چولستان روہی‎), месно познат и како Рохи( روہی‎ )[1]пустина во јужниот дел на Пенџаб, Пакистан која е дел од поголемата пустина Тар,[2] која се протега до покраината Синд и индиската држава Раџастан. Тоа е една од двете големи пустини во Пенџаб, а другата е пустината Тал.[3] Името е изведено од туркискиот збор „хол“, што значи „песоци“ и „истан“, персиска наставка што значи „земја на“.[4]

Холистан бил средиште за караванска трговија, што довело до изградба на бројни тврдини во средновековниот период за заштита на трговските патишта од кои тврдината Деравар е најдобро зачуваниот пример.[5]

Географија[уреди | уреди извор]

Чолистан зафаќа површина од 25 800 км2[2][6] во областите Бахавалпур, Бахавалнагар и Рахим Јар Кан во јужен Пенџаб. Најблискиот голем град е градот Бахавалпур, 30 км од работ на пустината. Пустината се протега во должина од околу 480 километри, а ширината варира помеѓу 32 и 192 километри. Се наоѓа од 27°42'00 до 29° 45'00 северно и 69°57' 30 до 72° 52' 30 источно.[7] 81% од пустината е песочна, додека 19% се одликува со алувијални рамнини и мали песочни дини.[8] Целиот регион е подложен на опустинување поради сиромашната вегетациска покривка што резултира со еолска ерозија.[8]

Клима[уреди | уреди извор]

Климата во Холистан се одликува како сува и полусува тропска пустина[9] со многу ниска годишна влажност.[10] Просечната температура во Холистан е 28.33 °C (82.99 °F), а најтопол месец е јули со просечна температура од 38.5 °C (101.3 °F).[9] Летните температури можат да надминат 46 °C (115 °F), а понекогаш се зголемуваат над 50 °C (122 °F) за време на периоди на суша.[9] Зимските температури повремено се спуштаат до 0 °C (32 °F).[9] Просечните врнежи во Холистан се до 180 мм, а јули и август се највлажните месеци,[9] иако сушите се вообичаени. Водата се собира сезонски во системот на природни басени наречен тоба,[9] или вештачки базени наречени кунд.[8] Подземната вода се наоѓа на длабочина од 30–40 метри,[9] но е најчесто соленкаста и несоодветна за повеќето растенија.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Journal of Asian Civilisations (англиски). Taxila Institute of Asian Civilisations. 2002.
  2. 2,0 2,1 2,2 Khan, M. Ajmal; Weber, Darrell J. (16 мај 2006). Ecophysiology of High Salinity Tolerant Plants (англиски). Springer Science & Business Media. ISBN 978-1-4020-4018-4.
  3. Nadiem, Ihsan H. (2005). Punjab: land, history, people (англиски). al-Faisal Nashran. ISBN 978-969-503-283-1.
  4. „What's in a Name? Or -Stan by Your Land“. Slate Magazine (англиски). 25 септември 2001. Посетено на 13 ноември 2023.
  5. „Derawar and the Desert Forts of Cholistan“. UNESCO World Heritage Centre (англиски). Посетено на 13 ноември 2023.
  6. Mares, Michael A.; Okla.), Oklahoma Museum of Natural History (Norman (1999). Encyclopedia of Deserts (англиски). University of Oklahoma Press. ISBN 978-0-8061-3146-7.
  7. Malik, Sher Muhammad; Fazlur-Rahman; Ali, Amjad (2017) : Sustainability of subsistence livelihoods of agro-pastoralists in changing socioeconomic environment of Cholistan desert-Pakistan, Pakistan Journal of Commerce and Social Sciences (PJCSS), ISSN 2309-8619, Johar Education Society, Pakistan (JESPK), Lahore, Vol. 11, Iss. 3, pp. 1100-1133.
  8. 8,0 8,1 8,2 Akram, Muhammad; Kahlown, Muhammad Akram; Soomro, Zamir Ahmed (2008). Lee, Cathy; Schaaf, Thomas (уред.). „Desertification Control for Sustainable Land Use in the Cholistan Desert, Pakistan“. The Future of Drylands (англиски). Dordrecht: Springer Netherlands: 483–492. doi:10.1007/978-1-4020-6970-3_44. ISBN 978-1-4020-6970-3.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 9,6 „Camel rearing in Cholistan desert of Pakistan“. ResearchGate (англиски). Посетено на 13 ноември 2023.
  10. Wariss, Hafiz Muhammad, Muhammad Mahmood Mukhtar, Shazia Anjum, Ghulam Raza Bhatti, Saeed Ahmad Pirzada and Khurshid Alam. “Floristic Composition of the Plants of the Cholistan Desert, Pakistan.” (2013).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]