Еланд (антилопа)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Обичен еланд
Taurotragus oryx.jpg
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Парнокопитни
Семејство: Шуплороги
Потсемејство: Говеда
Род: Еланд
Вид: Обичен еланд
Подвид:
  • T. o. livingstonii
  • T. o. oryx
  • T. o. pattersonianus
Биномен назив
Taurotragus oryx
(Pallas, 1766)
Синоними
Распространетост на еландот
Мажјак

Еланд или обичен еланд, јужен еланд (науч. Taurotragus oryx) — саванско-низинска антилопа од семејството на шуплорогите (Bovidae) која живее во источна и јужна Африка. Прв ја опишал германско-рускиот биолог Петер Симон Палас во 1766 г. Возрасниот мажјак е висок околу 1,6 м (женките се за 20 см пониски) и може да тежи до 942 кг, но просечно 500–600 кг (340–445 кг за женки). Ова е втора по големина антилопа во светот, само малку помала од џиновскиот еланд (Taurotragus derbianus).[3]

Примероци на ова животно можат да се видат во Зоолошката градина во Скопје.[4]

Ова се претежно тревопасни животни и јадат треви и листови. Живеат во стада до 500 и повеќе единки, но не се територијални. Претпочита живеалишта со разновидни цветни растенија како саваните, кориите и отворени и планински тревести предели, а избегнува густи шуми.

Природно се среќаваат во Боцвана, Бурунди, ДР Конго, Етиопија, Кенија, Лесото, Малави, Мозамбик, Намибија, Руанда, ЈАР, Јужен Судан, Свазиленд, Танзанија, Уганда, Замбија и Зимбабве, а порано и во Бурунди и Ангола. Иако бројноста им се намалува, сепак го носат статусот „најмала загриженост“ (LC) доделен од Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП/IUCN).

Изглед[уреди | уреди извор]

И мажјаците и женките имаат прави, но завиени рогови, задебелени рамена и од две до петнаесет пруги на предниот дел од телото. Крзното им е жолтокафеаво, претежно бледо, а кај постарите единки станува сиво-сино на вратот и рамената. Мажјаците на вратот имаат виснати кожни набори и перче на челото. Тежат 500 до 1000 кг, а долги се 2 до 3 м. Kaj гребенот се високи околу 1,50 м. По обем на телото наликуваат на крава, но оставаат впечаток дека се потенки.

Поведение[уреди | уреди извор]

И покрај тоа што еландот обично е лежерно животно, по потреба развиваат брзина до 70 км/ч. Покрај тоа, овие животни се познати и како многу добри скокачи. На дневната жештина одмораат во сенките на дрвјата или грмушките, а се активираат на квечерина. Се хранат со лисје, понекогаш со трева и со предните копита вадат кртоли и коренчиња од земја.

Просечното стадо се сотои од 25 единки, но при поволни услови, бројот на единки достигнува 700. Големите стада сепак се привремени групи без цврста врска. По правило, групите се состојат од возрасен мажјак и неколку женки, а воедно и млади мажјаци и младенчиња. Во ретки случаи групата може да има повеќе од еден возрасен мажјак. На ваквиот распоред му претходи задолжителна борба за превласт во хиерархијата. При бојот, мажјаците ги вркстуваат роговите и се обидуваат да го ранат противникот, што често доведува до значајни повреди.

Одлично се приспособени на високи температури. За време на суша, телесната температура им се покачува за 7 °C и благодарение на ова избегнуваат загуба на течности од потење.

Еландот и човекот[уреди | уреди извор]

Постара единка со типична синкава боја

Еландот е животно што се припитомува. Млекото содржи трипати повеќе масти и белковини од кравјото. Покрај ова, се користи и месото и кожата. Меѓутоа, првите обиди за припитомување почнал кон крајот на XX век и досега се водат во скромни размери.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. IUCN SSC Antelope Specialist Group (2008). Tragelaphus oryx. Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2011.1. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/22055. конс. 21 ноември 2011 г.  (англиски)
  2. Шаблон:MSW3 Artiodactyla
  3. Pappas, LA; Elaine Anderson; Lui Marnelli; Virginia Hayssen (5 јули 2002 г). Taurotragus oryx (PDF). „Mammalian Species“ том  689: 1–5. doi:10.1644/1545-1410(2002)689<0001:TO>2.0.CO;2. http://www.science.smith.edu/msi/pdf/689_Taurotragus_oryx.pdf. 
  4. „Антилопа еланд“. Зоо Скопје. http://www.zooskopje.com.mk/antilopa-eland.html. конс. 2 јуни 2015 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]