Прејди на содржината

Есватини

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Свазиленд)
Кралство Свазиленд
Umbuso weSwatini (свази)

Kingdom of Eswatini (англиски)

Знаме Грб
Гесло„Siyinqaba“ (свази)
„Ние сме крепост“

„Ние сме мистерија/загатка“ „Ние се криеме самите“
ХимнаNkulunkulu Mnikati wetibusiso temaSwati
Местоположба на Есватини
Главен градЛобамба (кралски и законодавен)
Мбабане (административен)
26°19′S 31°8′E / 26.317° ЈГШ; 31.133° ИГД / -26.317; 31.133
Најголем град Мбабане
Службен јазик англиски, свази
Демоним Свазиец
Уредување Апсолутна монархија
 •  Крал Мсвати III
 •  Индловукази Кралица Нтомби
 •  Премиер Амброз Дламини
 •  Потпретседател на влада Констанс Симелане
Независност
 •  од Обединетото Кралство 6 септември 1968 
Површина
 •  Вкупна 17,364 км2 (157ма)
 •  Вода (%) 0.9
Население
 •  проценка за 2016 г. 1,343,098[1]1 (154та)
 •  Попис 2004 1,1 милиони 
 •  Густина 59 жит/км2 (135та)
БДП (ПКМ) проценка за 2007 г.
 •  Вкупен $5,501 милијарди[2] 
 •  По жител $5.401[2] 
БДП (номинален) проценка за 2007 г.
 •  Вкупно $2,890 милијарди[2] 
 •  По жител $2.837[2] 
Џиниев коеф. (2015)positive decrease 49.5[3]
висок
ИЧР (2013) 0.530[4]
низок · 148ма
Валута Лилангени (SZL)
Часовен појас (UTC+2)
Се вози на лево
НДД .sz
Повик. бр. 268
1. Проценките за оваа држава експлицитно ги земаат предвид ефектите на преголемата смртност поради сидата; ова може да резултира во пониска просечна старост, поголеми проценти на смртност кај новороденчињата, пониски проценти на раст на населението и промени во половиот сооднос отколку што би се очекувало во нормални услови.

Свазиленд (свази: eSwatini), (англиски: Eswatini) или службено Кралство Свазиленд (свази: Umbuso weSwatini), (англиски: Kingdom of Eswatini) од 2018 г. Есватинидржава во Јужна Африка. Се граничи со Јужноафриканската Република на север, југ и запад а додека на исток се граничи со Мозамбик. Нацијата и државата се именувани по кралот од 19 век Мсвати II.

Есватини бил населен постојано уште од праисторијата. Денес, населението е дел од банту црнците наречени Свазијци. До Втората светска војна, Есватини бил протекторат на Обединетото Кралство и државата се изборила за независност во 1968. Есватини е членка на Јужноафриканската заедница за развој, Африканската Унија и Комонвелтот на нации.

Економијата на Есватини е главно заснована на земјоделството. Земјата се соочува со епидемија на СИДА и ХИВ, што ја прави земјата прва во светот со најмногу случаи на инфекција.

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Името на државата доаѓа од кралот на Есватини, Мсвати I. Како и да е, името Нгване е алтернативно име за државата.

Историја

[уреди | уреди извор]
Карта на Протекторатот Есватини.

Артефактите индицираат човеково населување на Есватини уште од каменото доба, пред 200.000 години. Праисториските карпести уметности датираат од 25 000 година и продолжуваат сè до 19 век.

Најраните жители на оваа територија биле познати како ловците Коисан. Докази за употреба на железо и обработка на земјата има од 4 век и денешните народи, Сото и Нгуни, биле доселени во 11 век. Народот познат како Свази се доселиле во 15 век.

Географија и клима

[уреди | уреди извор]

Есватини е мало кралство кое не излегува на море. Есватини на север, запад и југ се граничи со Јужноафриканската Република и на исток се граничи со Мозамбик. Иако територијата на Есватини има 17.364 км2, кралството е поделено на четири географски региони.

Растителен свет

[уреди | уреди извор]

Растителноста Есватини е претставена со типична савана на запад, ксерофитските грмушки се вообичаени на исток. Флората е богата со богатство: познати се околу 2.400 видови - од лишаи и папрати до магноли и фикуси. Еден алое - 25 видови, 12 видови орхидеи, 10 - лилјани.

Од големите цицачи, има сино бивол, антилопи на рогови, зебри и хипополи. Крокодилите се наоѓаат во реките.

Политички систем

[уреди | уреди извор]

На чело на Есватини е кралот или локално именуван како „нгвенјама“ (Ngwenyama ) што во превод значи лав. Моментален крал на Есватини е Мсвати III кој го наследил престолот по смртта на неговиот татко кралот Собхуза II. Традиционално, кралот владее со неговата мајка или пак со нејзина замена наречена ндловукати („слоница“). Кралот именува премиер на Есватини и членови на парламентот. Сентатот се состои од 30 членови, додека парламентот се состои од 65 членови. Избори во Есватини има секои пет години во месец ноември.

Административна поделба

[уреди | уреди извор]
Карта на окрузите во Есватини

Есватини е поделен на 4 окрузи.[5] Окрузите потоа се делат на 55 околии („инкундли“), а тие пак, на главатарства („умфакација“).

Регионите се следниве:

  1. Лубомбо
  2. Манзини
  3. Хохо
  4. Шиселвени

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Економијата на Есватини е составена од различни стопански гранки, па така има: земјоделство, шумарство и рударство со 13 % од БНП, индустриско производство со околу 37 % и услуги со околу 50 % од БНП.

Голем број од населението е вработено, околу 75 %. Во Есватини во подем е производсвото на текстил и земјоделски производи.

Население, јазик и религија

[уреди | уреди извор]
Традиционални куќи во Есватини.

Поголемот број од населението на Есватини се етнички свази, со мал процент на мешано население со белци. Во последно време во Есватини се доселуваат емигранти од Мозамбик и доселеници од Португалија. Најголема религија во Есватини е христијанството, но сепак тоа помешано со локални верувања и обичаи.

Јазикот свази (сисвати) е дел од групата на банту-јазици кој се зборува во Есватини и ЈАР. Јазикот го зборуваат околу 2,5 милиони луѓе и се учи во училиштата. Тој е службен јазик во Есватини, заедно со англискиот и е еден од 11-те службени јазици на ЈАР.

Религија

[уреди | уреди извор]

Најголемата религија во Есватини е христијанството со околу 82,7% од вкупното население.

Верници во Есватини
Христијани
  
88,10 %
Муслимани
  
0,20 %
Без Религија
  
10,10 %
Хиндуисти
  
0,10 %
Народна Религија
  
1,00 %

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Влада
Општо
Туризам
Друго
  1. „Swaziland Releases Population Count from 2017 Census“. United Nations Population Fund. Архивирано од изворникот на 7 August 2018. Посетено на 7 August 2018.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Swaziland“. International Monetary Fund. Посетено на 2008-10-09.
  3. „Swaziland - Country partnership strategy FY2015-2018“. World Bank. Посетено на 8 март 2015.
  4. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  5. Окрузи во Есватини - Statoids (англиски)