Добре Ивановски
Изглед
Добре Ивановски | ||
Роден | 20 април 1926 година Маџари, Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 16 април 1945 година Врпоље, Хрватска |
Добре Томев Ивановски (20 април 1926 во Маџари, Скопје ― 16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) ― македонски партизан и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Завршил четири класа вечерна гимназија. На 25 ноември 1944 година стапил во 3 македонска ударна бригада со која замина на Сремскиот фронт. Како борец на специјална автоматска чета, учествувал во непосредните борби, гради в гради. Храбро загинал на 16 април 1945 година, во крвавата битка за ослободување на Врпоље. Бил закопан на местото каде загинал. По завршувањето на војната неговите посмртни останки биле пренесени на гробиштата во Маџари.[1]