Прејди на содржината

Веле Ивановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Веле Ивановски
Роден 1925 година
Маџари, Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал април, 1945 година
Врпоље, Хрватска

Веле Јованов Ивановски ( 1925 во Маџари, Скопје1945 во Врпоље, Хрватска) ― македонски партизан и учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Се занимавал со земјоделство. На 20 ноември 1944 година, по ослободувањето на Скопје, стапил во 3 македонска ударна бригада, заедно со постариот брат Пеце.

Како борец на минофрлачка чета станал мајстор во ракувањето со новото оружје, посебно со минофрлачи. По успешно завршената военополитичка обука, со Бригадата заминал на Сремскиот фронт. Во жестоката битка за ослободување на Врпоље, храбро загинал. По ослободувањето, неговите посмртни останки како и коските на неговиот брат Пеце Ивановски, биле пренесени и погребани во гробиштата кај Маџари.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 66. На |first= му недостасува |last= (help)