Долно Водно

Координати: 41°58′55.8″N 21°24′23.7″E / 41.982167° СГШ; 21.406583° ИГД / 41.982167; 21.406583
Од Википедија — слободната енциклопедија

Долно Водно — историско село во околината на Скопје.

Долно Водно
Долно Водно во рамките на Македонија
Долно Водно
Местоположба на Долно Водно во Македонија
Долно Водно на карта
Координати 41°58′55.8″N 21°24′23.7″E / 41.982167° СГШ; 21.406583° ИГД / 41.982167; 21.406583
Регион  Скопски
Општина Карпош
Шифра на КО
Надм. вис. 407 м

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало на 2.5км југо-западно од центарот на Скопје, на северната падина на планината Водно. Над него се наоѓало селото Горно Водно, а денес низ овој простор поминуваат само некои планинарски патеки и просторот е во шума.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.

Во 1954 година, тогашната власт жителите ги преселила во Скопје, по што населбата се распаѓа.

Раселувањето на Горно Водно е извршено како последица на катастрофалните буици кои често му „се заканувале“ на Скопје. Буиците настанувале како последица на исечените шуми во атарот на ова село. Затоа, скоро секоја година, освен стари, надоаѓале и нови буици со голема моќност. Тие во подножјето на планината Водно, каде се наоѓа еден дел на Скопје, уништувале се’ пред себе: куќи, улици, железничка пруга, болница и др.

Подоцна, после раселувањето на Долно Водно, биле преземени мерки со цел да се стопираат ерозивните процеси. Затоа, на поголемиот број во нивите и пасиштата каде се наоѓало селото се вршело пошумување. Напуштените куќи на селиштето биле урнати, и материјалот, иселеното население го однеле за ѕидање на нови куќи.

Население[уреди | уреди извор]

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 14 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 56 мажи христијани, со 4 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 120 жители.[1]

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 107 жители.[2]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долно Водно живееле 140 жители, сите Македонци[3] христијани. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Водно имало 160 Македонци[3], под врховенството на Бугарската егзархија.

После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како седиште на истоимената општина и има 208 жители.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на СХС во 1931 година, селото имало 200 Македонци.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  2. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  3. 3,0 3,1 Македонците биле забележани како Бугари.
  4. Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.[мртва врска]