Црква „Св. Атанасиј“ - Прждево
Свети Атанасиј | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Повардарска |
| Архијерејско намесништво | Кавадаречко |
| Парохија | Демиркаписка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°25′06″N 22°09′54″E / 41.41833°N 22.16500°E |
| Место | Прждево |
| Општина | Демир Капија |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Атанасиј |
| Изградба | 1858 |
| Живопис | 1878 |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | трикорабна |
Света Атанасиј — главна селска црква во демиркапиското село Прждево, Македонија.[1][2]
Црквата се наоѓа на еден од благите ридови во самото село, а околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа во јужниот дел од селото на една височинка, со што црквата преовладува во самото село.[2] Храмот е сместен во Горно Маало.[3]
До црквата се стигнува преку земјен пат, кој започнува меѓу последните куќи во селото.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата изградила во 1858 година, што е запишано во натпис на една мермерна плоча поставена на источната фасада.[2] Била подигната на темели на постар храм, кој бил срушен од муслиманите при нивното населување во селото.[3]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Според својот архитектонски облик, црквата е трикорабна, чии кораби се создадени преку два реда колони. Средишниот кораб повисоко се издига од страничните и сите три имаат рамни таваници украсени со обоени квадратни полиња. На источната страна од надвор црквата има нагласени три апсиди, од кои средишната е олтарната, а страничните две се од проскомидијата на северната и ѓаконикот на јужната страна. Главниот влез во црквата е од западната страна, а има и спореден од северната.[2]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Црквата добила фрескоживопис во 1878 година, што може да се потврди од зографите со написот кој гласи „од рацете на браќата сликари Вангел, Никола и Коста Анастасович зографи од село Крушево во лето 1878 декември 14“.[2]
Фрескоживописот е распореден во три зони и изобилува со сцени од стариот и новиот завет. Иконостасот го краси големиот крст со распетието Христово изработен во копаница со две ламји лево и десно од него.[4]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Селските гробишта
- Камбанаријата
- Поглед на црквата
- Влезот
- Поглед на црквата
- Апсидата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 3 4 5 „Повардарска епархија - Демиркаписка парохија“. www.povardarska-eparhija.org.mk. Посетено на 2021-08-26.
- 1 2 Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. стр. 328.
- ↑ „Стратегија за развој на туризмот во Општина Демир Капија 2020-2024“ (PDF). Општина Демир Капија. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-05-21. Посетено на 29 септември 2021.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Атанасиј“ - Прждево на Ризницата ?


