ХЕЦ „Дошница“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
ХЕЦ „Дошница“
Поглед на централата „Дошница“
ХЕЦ „Дошница“ is located in Македонија
Местоположба на ХЕЦ „Дошница“ во Македонија
НазивХидроелектрична централа „Дошница““
ЗемјаМакедонија Македонија
Месторека Дошница
Координати41°22′11″N 22°13′24″E / 41.36972° СГШ; 22.22333° ИГД / 41.36972; 22.22333Координати: 41°22′11″N 22°13′24″E / 41.36972° СГШ; 22.22333° ИГД / 41.36972; 22.22333
Статусфункционална
Изградбата почнала1952 (1952)
СопственикЕВН Македонија
ОператорЕВН Македонија
Информации за произодството
Построен капацитет5,1 MW
Годишно производство18 GWh

Дошница (Хидроелектрична централа „Дошница“ или ХЕЦ „Дошница“) — мала хидроцентрала на истоимената река, недалеку од градот Демир Капија, во јужниот дел на Македонија.[1]

Централата е прогласена за културно наследство на Македонија.

Историја[уреди | уреди извор]

Хидроцентралата е во погон од 1952 година. Има три агрегата со пелтон турбини и инсталирана моќност од 5,1 MW.[2][3]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Цевководи[уреди | уреди извор]

Водите од реката Дошница се зафаќаат 9,5 километри спротиводно од машинската зграда преку тиролски зафат ѕидан од камен. Зафатот има капацитет од 2,1 м3/с. Водите на реката се зафаќаат директно од речното корито. Од зафатната градба водата оди во таложникот, а оттаму кон доводниот канал, кој има должина од 4400 метри и дијаметар од 1600 милиметри. До водната комора водата продолжува преку доводен тунел со должина од 3400 метри. Водната комора има пречник од 7 метри и е длабока 10 метри, а водата во неа се одржува автоматски, во просек од 75% од капацитетот на тунелот. Од водната комора до машинската зграда водата се пренесува преку челичен цевковод, кој има должина од 530 метри. Доводниот цевковод пред влезот на машинската зграда се разгранува на 3 дела, за секоја од трите турбини.[4]

Машинска зграда[уреди | уреди извор]

Зградата се наоѓа јужно од градот Демир Капија. Во машинската просторија има три пелтон турбини со хоризонтална оска со номинален проток од 0,8 м3/с и секоја од нив е поврзана на синхрон генератор со статичка возбуда и вкупна инсталирана моќност од 5,1 MW. Под зградата се наоѓа одводниот канал преку кој водата што поминала низ турбините се испушта дел во рибникот „Дошница“, а дел во речното корито.[4]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). "Малешевска". Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. стр. 904. 
  2. Електростопанство на Македонија, 50 години македонско електростопанство, Скопје, 1995;
  3. esmak.com.mk Архивирано 21 април 2008 г., Ј.П. Електростопанство на Македонија, Скопје, пребарано на 28 август 2010
  4. 4,0 4,1 „ХЕЦ Дошница - ЕВН Електрани“. elektrani.mk. Посетено на 2021-09-05.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]