Црква „Св. Атанасиј“ - Кошани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Атанасиј
македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Кавадаречко
Парохија Маренска
Местоположба

Карта

Координати 41°21′23″N 22°00′56″E / 41.35639° СГШ; 22.01556° ИГД / 41.35639; 22.01556Координати: 41°21′23″N 22°00′56″E / 41.35639° СГШ; 22.01556° ИГД / 41.35639; 22.01556
Место Кошани
Општина Кавадарци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Атанасиј
Завршено 1871
Живопис 1871
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабен
Стил преродбенички

Св. Атанасијправославна црква во кавадаречкото село Кошани, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Кавадаречкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата се наоѓа над селото, на неговиот северен крај. Изградена е и живописана е во 1871 година, како што може да се прочита на натписот над западната врата. Ова е еднокорабен храм со женски дел, галерија од западната страна, потпрена на два дрвени столба. Има влезови од југ и од север, отворен трем од југ и запад, а камбанаријата е во урнатини. Живопис е дело на непознат зограф и се одликуваат со ниска уметничка вредност.[1]

Црквата е напуштена во втората половина на XX век.[2] Околу 1990 г. пострадала во пожар и целата покривна конструкција е уништена. Селската слава се одбележува на Атанасовден.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Св. Атанасиј, с. Кошани“. Културно и национално наследство на Кавадарци. Посетено на 28 ноември 2021.[мртва врска]
  2. „Маренска парохија“. Повардарска епархија. 3 јуни 2008. Посетено на 28 ноември 2021.
  3. Кошани на порталот на Општина Кавадарци Архивирано на 22 декември 2008 г..