Евтим Апочев

Од Википедија — слободната енциклопедија

Евтим К. Апочев е македонски револуционер, деец на ВМОРО.

Животопис[уреди | уреди извор]

Евтим Апочев е роден во 1863 година во град Охрид, тогаш во Османлиската империја. Во 1902 година е на гурбет во Варна и во есента заминува во Софија и се вклучува во четата на Никола Лефтеров. Околу Петковден (октомври) во време на горноџумајското востание четата навлегува во Македонија заедно со четата на Анастас Јанков. Двете чети со 80 четници го поминуваат Вардар и навлегуваат на планината Кожуф, каде во наредните две седмици се опсадени од османлиските војски. Четите се извлекуваат и се упатуваат кон костурско, каде се заседнуваат во Загоричани. После тоа се опсадени во Бобишта, каде им даваат отпор на Османлиите. Потоа Евтим му станува четник на Никола Русински во охридско. По преместувањето на Никола Русински четата е под водство на Христо Трпев. На 13 јануари 1903 година Апочев учествува во битката, во која загинуваат војводата и двајца негови четници, тој и останатите членови успеале да се спасат. Потоа бил дел од четата на Никола Митрев од Елшани, со кого учествува во илинденското востание.

По задушувањето на востанието, на 14 октомври 1903 година Апочев тргнува од Вирово кон Софија, каде пристигнува во декември. Потоа станува дел од четата на Дончо Златков во Малешевијата.

Во 1912 година е доброволец во македоно-одринското ополчение. Учествува во првата и втората балканска војна.

По војните продолжува да живее со сопругата во Охрид.[1][2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . Арсовъ, Т. Евтимъ К. Апоче. // Илюстрация Илиндень XIV (1 (131). София, Издание на Илинденската Организация, януарий 1942. с. 14. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  2. . Арсовъ, Т. Евтимъ К. Апоче. // Илюстрация Илиндень XIV (1 (131). София, Издание на Илинденската Организация, януарий 1942. с. 15. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)