Иван Лимончев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Иван Лимончев
Роден 1864
Охрид, Отоманско Царство
Починал 1899

Иван Лимончев (Охрид, 1864Охридско, 1899) – револуционерен и културно-просветен деец, окружен раководител на ТМОРО во Охрид.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Лимончев е роден во Охрид во 1864 година. Бил еден од зачетниците за основање на ученичкото Културно-просветно друштво „Свети Климент” во Охрид (1885). Заедно со други членови на друштвото, станал член на заговорничкиот кружок, основан во Охрид на 20 јули 1886 година, за заштита на населението и за прогон на разбојниците Таир-Толо, Билан Баланца, Каранаџак и нивните јатаци, за одбегнување на османлиските судови и решавање на споровите со арбитража, за отворање училишта во секое село и сл. Бил еден од првите членови на ТМОРО (од 1894) и член на Охридскиот окружен комитет на ТМОРО.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 799. ISBN 978-608-203-023-4.