Црква „Св. Ѓорѓи“ - Охрид
Свети Ѓорѓија
| |
Црквата „Свети Ѓорѓија“ во Охрид | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Охридско |
Парохија | Петта охридска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Охрид |
Општина | Охрид |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Ѓорѓија |
Изградба | 1834 година |
Зограф | Ѓорѓи Крстевски, Драган Ристески |
Архитектонски опис |
Свети Ѓорѓија — македонски православен храм во градот Охрид. Поточно, црквата се наоѓа во источниот (горниот) дел на градот, на крајот на населбите Расадник и Горна Влашка Маала, во близината на Градската општа болница и кружниот тек на патот кој води кон селото Велгошти и во правец на Битола. Црквата е изградена во 1834 година, а камбанаријата е изградена во 1950 година. Дел од фрескоживописот е од тој период, во преродбенски стил, додека наосот (бродот) на црквата е фрескоживописан од Ѓорѓи Крстевски од Охрид, а олтарот е живописан од Драган Ристески од Охрид. Покрај црквата во XX век, од западната и јужната страна, изградени се затворени тремови. На јужната страна, покрај тремот, во 1984-5 година изградена е крстилница со фрескоживопис од уметникот Драган Ристески. Во дворното место на црквата изградени се канцеларии за свештениците и народна трпезарија за 200 луѓе, која се употребува и за одржување на веронаука и за настава за изучување на странски јазици и слично. Изградена е во 1990 година и осветена од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Петта охридска парохија“. Дебарско-кичевска парохија. Архивирано од изворникот на 2014-09-18. Посетено на 2011-02-12.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Охрид на Ризницата ?