Борис Бојаџиски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Борис Бојаџиски
Роден/а23 февруари 1915
Македонија Охрид, Македонија
Починат/а9 мај 1959
Македонија Охрид, Македонија
ЗанимањеПисател

Борис Бојаџиски — роден во Охрид во 1915 година. Претставува еден од осноположниците на македонската современа литература за деца. Започнал да се занимава со литература додека бил во учителската академија во Шабац. Подоцна, како учител, напишал неколу приказни за деца. Учителствува по разни села на Охридско и Струшко, сѐ до почнувањето на војната, кога поради болест престанува да работи. Бојаџиски е добитник на бројни награди за неговата литературна активност. Починал во Охрид во 1959 година.[1]

Борис Бојаџиски е еден од првите новинари на весникот „Нова Македонија“, каде што зазема најразлични должности, од соработник, репортер до уредник на културната рубрика на весникот.

По ослободувањето на Македонија, Бојаџиски бил еден од првите македонски автори за деца.[2][3]

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Милка
  • Првите цутови, „Кочо Рацин“, 1953
  • Чекори што не можеа да запрат
  • Над двете езера
  • Денес, утре, задутре
  • Ронки
  • Галебово крило

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Котевска, Милка; Лидиjа Мирчевска. Повоените македонски писатели. Битола: Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. стр. 40.
  2. Осврт кон творештвото на Борис Бојаџиски
  3. „Средба со творештвото на Борис Бојаџиски“. Архивирано од изворникот на 2013-02-23. Посетено на 2013-02-24.