Прејди на содржината

Нада Арнаудова

Од Википедија — слободната енциклопедија

Нада Арнаудова Борисова (26 јуни 1926 во Охрид — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Орден за заслуги за народ од III степен.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]
Нада Арнаудова Борисова е носител на Орден заслуги за народот од трет степен.

Кон НОД се приклучила во летото 1943 година во Охрид. Од јуни 1943 станала член на СКОЈ. Работела со групи од средношколска и работничка младина. Учествувала во пренесување оружје на слободната територија, како и на растурање илегална литература и летоци. Во септември 1944 година стапила во единиците на НОВ и ПОМ - Охридско-струшка бригада. Работела по агитпроп во Бригадата. Во ноември 1944 со расформирањето на Бриrадата била доделена на работа во заднината во Коселската општина и поставена за секретар на АФЖ и СКОЈ. Таа е носител на Орден за заслуги за народ од III степен.[1]

  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 981.