Ангел Узунов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ангел Узунов со псевдонимите Батја и Надеждин[1] е адвокат и револуционер, началник на Ќустендилскиот пункт, член на Задграничното претставништво на ВМОРО, делегат во Народно собрание на Бугарија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Узунов е роден на 8 мај 1886 година во Охрид, Отоманско Царство, денес Република Македонија. Син е на учителелот Димитар Узунов и брат на револуционерот Христо Узунов. Во 1906 година завршил педагошко училиште во Ќустендил. Во текот на септември 1915 година како помлад подофицер Узунов е заведен во разузнавачкиот пункт №1 во Ќустендил на Партизанскиот одред на Единаесеттата пешадиска македонска дивизија.[2] Подоцна станал началник на разузнавачкиот пункт во Штип, а после во Велес, каде го замененил Иван Караџов.[3] Од 1901 година е член на ВМОРО и е началник на Ќустендилскиот пограничен пункт во периодот од 1909 – 1925 година. Избран е за делегат на Општиот конгрес на Битолскиот конгрес на ВМРО од 1923 година. Секретар е на македонската парламентарна група во XXII ОНС[4]. Во 1925 година е претседател на VI конгрес на ВМРО и е избран за почесен член на Задграничното претставништво, пред тоа се спотиставувал на идејата Задграничното Претставништво да биде избирано на конгрес[5], а не како што е по устав од ЦК на ВМРО[6]. По расправиите во ВМРО по убиството на Александар Протогеров во 1928 година е на страната на Протогеровистите. Узунов е народен претставник во 22-то Народно собрание на Република Бугарија од 1927 до 1931 година. Подоцна, од 1931 до 1944 година, работи в Министерството на финансите, а од 1944 до 1946 ја претпочита адвокатска професија. Во декември 1942 година ја публикува во списанието Илустрација Илинден статијата „Впечатоци и констатации от конгресот на Илинденците“.


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.14, 69
  2. Минчев, Димитър. Четите на ВМОРО през Първата световна война, в: 100 години Вътрешна македоно-одринска революционна организация, Македонски научен институт, София 1994, стр. 139. ISBN 954-8187-10-8
  3. Минчев, Димитър. Партизанските чети на ВМОРО в Македония. Македонските и тракийските българи в Българската армия по време на войната. Том 3, Освободителното движение след Илинденско-Преображенското въстание 1903 - 1919, МНИ, София, 1997, стр. 351. ISBN 954-8187-32-9