Црква „Пресвета Богородица Перивлептос“ - Охрид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Света Богородица Перивлепта
Света Богородица Перивлепта.JPG
Црквата Пресвета Богородица-Привлептос во Охрид
Основни податоци
Место Охрид, Македонија
Припадност Православие
Архитектонски опис
Архитектонски тип црква
Архитектонски стил византиска архитектура

Црквата Пресвета Богородица Привлептос (односно Пресвета Богородица, онаа што гледа сѐ) се наоѓа во Охрид, Република Македонија. Црквата била изградена пред 1295 година. Фресконатписот во нартексот, покрај други личности, ги споменува Прогон Згур и годината на „подигањето“, односно живописот на црквата, 1295.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Фреска на Св. Климент Охридски од црквата

Подоцнежните историски податоци зборуваат за големиот углед што го имала црквата во текот на 15 век, особено кога регионот се наоѓал во составот на Османлиската империја. Деволскиот епископ Григориј ја соѕидал и ја живописал (1364-1365) северната капела (посветена на Григориј Богослов), а потоа била соѕидана јужната капела (посветена на Свети Никола) и отворениот трем околу црквата каде што се насликани портретите на некои ктитори и на други современи историски личности. По уривањето на манастирската црква Свети Пантелејмон, во црквата Богородица Привлептос се пренесени моштите на Свети Климент (па затоа е наречена Климентова црква), а истовремено таа станала и седиште на охридските архиепископи и на „музејот на архиескопијата“ со својот печат (засега најстар на Балканот).

Архитектонски карактеристики[уреди | уреди извор]

Фрескоживопис во олтарниот дел на црквата

Црквата има основа на византиските куполни цркви со впишан крст во правоаголен простор. Куполата во наосот се потпира врз четири слободни столба, а слепа слепата купола во нартексот на четири пиластри. Ѕидана е од камен, бигор и тули, а со нивна комбинација се подигнати различни декоративни површини (меандер, шаховско поле, рибина коска). Овој начин на ѕидање се заснова врз традицијата пренесена од византиската метропола, но црквата Богородица Привлептос, како и некои други во Македонија, укажуваат и на непосредни врски со градителството од 13-тиот век во Епир.

Значење за историјата на уметноста[уреди | уреди извор]

Извонредните уметнички вредности на фреско-декорацијата и ризницата од икони на оваа црква заземаат истакнато место во науката. Врз основа на откриените потписи се знае дека фреските во 1295 ги извеле сликарите Михаил Астрапа и Евтихиј. Тоа се проминентни личности на ликовното творештво од крајот на 13 век и првите децении на 14 век на Балканот, а нивните дела по уметничкиот квалитет се рамни на современите остварувања во византиската културна метропола.

Извор[уреди | уреди извор]


Наводи[уреди | уреди извор]