Доротеј (охридски архиепископ)
Изглед
![]() ![]() | |
---|---|
Службата завршила | околу 1466 |
Претходник | непознато |
Наследник | непознато |
Лични податоци | |
Роден | 15 век |
Починал | 15 век |
Други папи наречени Доротеј |
Доротеј I бил византиски свештеник и охридски архиепископ најверојатно во периодот по 1452 година или подоцна[1]. Тој бил архиепископ на Охридската архиепископија по потекло од Византија.
Султанот Мехмед II во 1466 година наредил во Цариград[nb 1] да бидат депортирани охридскиот архиепископ Доротеј, заедно со многу охридски клерици и болјари, најверојатно поради нивното антиосманлиско дејствување за време на востанието на Скендербег.[2]
Го ангажирал познатиот книжевник Димитар Кратовски да го препише словенскиот „Номоканон“ за потребите на Охридската архиепископија. Во негово време црквенословенскиот јазик бил во употреба и во архиепископската канцеларија.[3]
Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Името на градот во тоа време на турски било Константиние (قسطنطينيه). Официјалното име на градот било променето во Истанбул од страна на Републиканската Турска влада, на 28 март 1930.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грозданов, Цветан (2007). Живописот на Охридската архиепископија: студии. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
- ↑ Шукарова, Анета; Панов, Митко Б.; Ѓорѓиев, Драги; Битовски, Крсте; Катарџиев, Иван; Стојчев, Ванче; Велјановски, Новица; Чепреганов, Тодор (2008). Историја на македонскиот народ. Институт за национална историја. стр. 141. ISBN 9789989159237.
- ↑ д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 163. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=
(help)