Григориј I (охридски архиепископ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Macedonian cross.svg
Григориј I
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Архиепископ од 1317
Архиепископ до околу 1334
Претходник Макариј
Наследник Антим Метохит
Роден 14 век
Починал 14 век
Други архиепископи со име Григориј

Григориј I бил византиски свештеник и охридски архиепископ најверојатно во периодот по 1317 до 1334 година или подоцна[1]. Тој бил архиепископ на Охридската архиепископија по потекло од Византија.

За неговото дело е малку познато, но на охридскиот престол се качил благодарение на императорот Андроник II Палеолог. Во истото време со подигањето на Григориевата припрата, Андроник II и издал на Охридската црква простагма (1312 година), со цел да се подобри материјалната состојба на Архиепископијата. Неговото име се споменува во ктиторскиот натпис од 1317 година во црквата Света Софија во Охрид. Истата катедрала била проширена во негово време со големата припрата. Го преддводел пратеништвото на Андроник II на преговорите со Андроник III (1327 година). Неговите современици Јован Кантакузин и Теодор Метохит за него пишувале со длабока почит. Се пројавил како книжевен деец, продолжувајќи ја традицијата на неговите претходници Теофилакт, Димитриј Хоматијан и Константин Кавасила.[2] Не е познато кога починал или кога ја напуштил архиепископската должност, но најеројатно починал во 1341 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Грозданов, Цветан (2007). Живописот на Охридската архиепископија: студии. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
  2. д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 134–135. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)