Генадиј (охридски архиепископ)
| Ракоположен | 1285 |
|---|---|
| Службата завршила | околу 1289 |
| Претходник | Јаков I |
| Наследник | Макариј I |
| Лични податоци | |
| Роден | 13 век |
| Починал | 13 век |
| Други папи наречени Генадиј | |
Генадиј бил византиски свештеник и охридски архиепископ најверојатно во периодот по 1285 до 1290 година.[1] Тој бил архиепископ на Охридската архиепископија по потекло од Византија.
Биографија
[уреди | уреди извор]Генадиј за првпат се среќава во сведоштвата на Пахимер за формалното откажување на Јован Век од своите унијатски ставови. Од овие сведоштва дознаваме дека Генадиј, кој во тоа време се уште бил монах, ја извршува улогата на гласноговорник на рехабилитацијата на патријархот Јосиф I. Во оваа пригода, како што сведочи Пахимер, монахот Генадиј ги изложил православните богословски ставови за да покаже дека Јован Век сериозно се огрешил против евангелието.[2]
На охридскиот престол се качил благодарение на царот Андроник II Палеолог. Малку подоцна тој ја напуштил својата функција и се вратил во Цариград, каде во 1289 година бил еден од кандидатите да стане Цариградски патријарх.

