Макариј I (охридски архиепископ)
Изглед
| Ракоположен | 1290 |
|---|---|
| Службата завршила | околу 1317 |
| Претходник | Генадиј |
| Наследник | Григориј I |
| Лични податоци | |
| Роден | 13 век |
| Починал | 13 век |
| Други папи наречени Макариј | |
Макариј бил византиски свештеник и охридски архиепископ најверојатно во периодот по 1290 до 1299 година или до 1317 година[1]. Тој бил архиепископ на Охридската архиепископија по потекло од Византија.

За неговото дело е малку познато, но на охридскиот престол се качил благодарение на царот Андроник II Палеолог. Во текот на 1299 година на реката Вардар ги венчал српскиот крал Стефан Милутин и византиската принцеза Симонида.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грозданов, Цветан (2007). Живописот на Охридската архиепископија: студии. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.

