Лав I (охридски архиепископ)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Лав I | |
---|---|
Архиепископ од | 1037 |
Архиепископ до | 1056 |
Претходник | Јован Дебарски |
Наследник | Јован II |
Роден | 10 век Конија, Византија |
Починал | 1056 |
Други архиепископи со име Лав |
Лав I бил византиски свештеник и охридски архиепископ во периодот од 1037 до 1056 година[1]. Тој бил првиот архиепископ на Охридската архиепископија по потекло од Византија.
Тој бил роден во Пафлагонија, и пред да стане архиепископ во Охрид, долги години работел во Цариградската Патријаршија како картофилакс. На архиепископскиот трон се качил по смртта на Јован Дебарски, најверојатно со помош на византискиот император Михаил IV, кој исто така, по потекло бил од Пафлагонија.
Во негово време била реконструирана катедралната црква Света Софија во Охрид. Тој учествувал во споровите околу Големата шизма. Починал најверојатно во 1056 година, истата година на започнувањето на расколот помеѓу црквите.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан (2007). Живописот на Охридската архиепископија: студии. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.