1290
< XII век | XIII век | XIV век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1290 MCCXC |
Ab urbe condita | 2043 |
Асирски календар | 6040 |
Бахајски календар | -554–-553 |
Бенгалски календар | 697 |
Берберски календар | 2240 |
Будистички календар | 1834 |
Бурмански календар | 652 |
Византиски календар | 6798–6799 |
Еврејски календар | 5050–5051 |
Ерменски календар | 739 ԹՎ ՉԼԹ |
Етиопски календар | 1282-1283 |
Игбоански календар | 290–291 |
Ирански календар | 668–669 |
Исламски календар | 688–689 |
Јулијански календар | 1290 MCCXC |
Кинески календар | 己丑年月日 (3926/3986) — до — 庚寅年月日(3927/3987) |
Коптски календар | 1006–1007 |
Корејски календар | 3623 |
Календар Мингуо | 622 пред РК 民前622年 |
Селевкидски календар | 1601–1602 |
Тајландски сончев календар | 1833 |
Хиндуистички календари | |
- Викрам самват | 1346–1347 |
- Шака самват | 1212–1213 |
- Кали југа | 4391–4392 |
Холоценски календар | 11290 |
Џуче-календар | нема (пред 1912) |
1290 (MCCXC) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1290. година од новата ера, 290. од вториот милениум, 90. од 13 век и прва од 1290-тите.
Содржина
Други календари[уреди | уреди извор]
Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6798 и 6799 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6040 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5050 и 5051 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2043.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1290. година се протега во 3926 и 3927, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3986 и 3987 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1833. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 688 и 689 исламска година.
Настани[уреди | уреди извор]
По место[уреди | уреди извор]
Америка[уреди | уреди извор]
- На власт во Тавантинсују доаѓа четвртиот Сапа Инка Мајта Капак, наследувајќи го Локе Јупанки.
Европа[уреди | уреди извор]
- Година без зима - Исклучително редок случај на непрекината транзиција, од есента 1289 до следната пролет, во Британија и во континентална Западна Европа[1].
- 1 март - Универзитет Коимбра е основан во Лисабон, Португалија од страна на кралот Денис Португалски.
- 10 јули - Ладислав IV Унгарски е убиен од тројца кумани.
- 18 јули - Со издадениот едикт, кралот Едвард I им наредува на сите Евреи (во тоа време најверојатно броеле околу 2.000) да ја напуштат Англија до 1 ноември (Ден на сите светии)[2].
- 23 јули - Андреј III Унгарски е крунисан во Секешфехервар од Лодомер.
- 1 август - Основана е Влашка според традиционалната дата.
- Декември - Дванаесетте Еленорски крстови се градат помеѓу Линколншир и Лондон во Англија, бидејќи кралот Едвард I ја оплакува смртта на неговата кралица, Елеонора Кастилска.
- 18 декември - По смртта на Магнус III Шведски, тој е наследен од неговиот 10-годишен син Биргер Магнусон. Иако Шведска е изборна монархија во тоа време, Биргер е назначен за наследник.
- Завршена е изградбата на Ландафската катедрала во Кардиф, Велс, 170 години откако беше започната.
- Монголската Златна Орда го напаѓа регионот Молдавија.
- Кралот Денис Португалски донесува акт според кој португалскиот јазик е официјален јазик на Португалија, заменувајќи го класичниот латински.
Азија[уреди | уреди извор]
- 27 септември - Земјотрес во Чиле во сила од 6,8 степени според Меркалиевата скала, при што загинауваат помеѓу 7.270-100.000 луѓе.
- Основачката династија на Мамелучкиот султанат во Делхи е соборена од Џалал уд дин Фируз Калџи.
Родени[уреди | уреди извор]
- 4 август - Леополд I, војвода од Австрија (п. 1326)
- Маргарита Бургундска (п. 1315)
Починале[уреди | уреди извор]
- 10 мај - Рудолф II, војвода од Австрија
- 8 јуни - Беатриче Портинари, љубената на Данте Алигиери (р. 1266)
- 23 јуни - Хенрик IV Пјаст, војводата од Вроцлав (р. 1258)
- 10 јули - Ладислав IV Унгарски, крал на Унгарија од 1272 (р. 1262)
- 26 септември - Маргарета Норвешка, Кралица на Шкотска (р. 1283)
- 10 Ноември - ел-Мансур Калавун, султан Египет од 1279 (р. 1222)
- 28 ноември - Елеонор Кастилска, кралица на Едвард I од Англија]] (р. 1241)
- 18 декември - Магнус III Шведски, крал на Шведска од 1275 (р. 1240)
- Патријарх Григориј II Цариградски (р. 1241)
Наводи[уреди | уреди извор]
![]() |
„1290“ на Ризницата ? |