Аврамиј (охридски архиепископ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Аврамиј
Архиепископ од околу 1629
Архиепископ до околу 1637
Претходник Јоасаф
Наследник Мелетиј
Роден
Починал 17 век
Други архиепископи со име Аврамиј

Аврамиј бил православен свештеник и охридски архиепископ во период во 1629 до 1637 година.[1][2]

До неговото доаѓање на престолот бил новопатраски митрополит. Неговото име во историските списи за прв пат се споменува од неговата грамота од 31 јануари 1629 година, дадена на епископот Козма. Во 1631 година Светиот Синод му издал грамота за собира милостина. Истата година морал да ги даде како откуп сите црковни скапоцености со цел да ја спаси охридската црква Воведение Богородичино, за истата да не биде претворена во џамија. Во август 1634 тој отпатувал во Русија, како охридски архиепископ. Седните две-две и пол години, тој патувал низ западна Европа.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грозданов, Цветан (2007). Живописот на Охридската архиепископија: студии. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
  2. 2,0 2,1 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 11. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)