Нектариј (охридски архиепископ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нектариј
Архиепископ од околу 1598
Архиепископ до околу 1606
Претходник Валаам
Наследник Митрофан
Роден 16 век
Починал 3 јуни 1626
Други архиепископи со име Нектариј

Нектариј бил православен свештеник и охридски архиепископ во период од 1598 до 1606 година.[1]

На позицијата охридски архиепископ застанал по погубувањето на Варлаам во 1598 година. Во август истата година заминал за Молдавија каде се задржал подолго време. Во 1600 година раководил со црковниот собор во Јаш, по кое заминал за Полска. Кон 1604 година заминал за Русија, како и за Холандија. Не е познато кога заминал од охридскиот престол, но се знае дека тоа станало пред или околу 1606 година.

Во 1606 година станал архиепископ на Вологда, и во Русија останал до крајот на својот живот. Истата година учествувал во крунисувањето на Михаил Романов за нов руски цар. Починал во 1626 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грозданов, Цветан (2007). Живописот на Охридската архиепископија: студии. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.