Прејди на содржината

Видое Видичевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Видое Видичевски
Роден/а8 јануари 1931
Охрид, Вардарска Бановина, Кралство Југославија
Починат/а12 декември 2020(2020-12-12) (возр. 89)
Охрид, Македонија
ЗанимањеПисател

Видое Видичевскимакедонски поет, раскажувач, романописец и драмски писател. Роден е на 8 јануари 1931 година во Охрид. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Тој бил лен на ДПМ од 1959 година.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Завршил Филозофски факултет во Скопје[2]. Бил оснoвач и прв директор на Радио Охрид, директор на Домот на културата во Охрид, еден од основачите на „Охридско лето“ и негов раководител, како и покренувач на манифестацијата „Прличеви беседи“. Член на ДПМ од 1959 година. За своето творештво e добитник на низа признанија, меѓу кои наградата на РТС на Струшките вечери на поезијата, наградата за најдобра книга меѓу два саема, Седмоноемвриската награда на Охрид, наградата на „Дијалог“ за најдобра поетска книга во 2009 година и на наградата „Книжевно жезло“, што Друштвото на писателите на Македонија ја доделува за поетски опус со високи естетски вредности.

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • „Сини питоми утрини“ (поезија, 1959);
  • „Бреговите се немирни“ (драма, 1963);
  • „Балада за орканата“ (драма, 1964);
  • „Големата шума“ (роман, И дел, 1970);
  • „Малиот одред“ (тв-серија од 10 епизоди, 1977)
  • „Големата шума“ (роман, 2 дела, 1986)
  • „Вечерен пејзаж од градот“ (поезија, 1986);
  • „Таинствени води“ (роман за деца, 1990);
  • „Заробеници на вечерните игри“ (раскази, 1993);
  • „Времето на црвените рози“ (роман, 1994);
  • „Песни за потопот“ (поезија, 2000);
  • „Приказни за Дамјана“ (раскази за деца, 2000).

Добитник е на наградите: „РТВ Скопје“ за најдобра книга за деца и на книгоиздателството „Детска радост“.[3]

  1. Маринела Јовановиќ, Нада Филева: „Мал охридски литературно-научен лексикон“, Охрид, 2002
  2. Македонски писатели, ДПМ, Скопје, 2004.
  3. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 52 - 53.