Јован Владислав

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Јован Владислав — бугарски[1][2] македонски[се бара извор][3][мртва врска] владетел со Самуиловото царство од 1015 до 1018 година.

Тој е син е на Арон, братот на Самуил. Кога Самоил наредува да се убие целото семејство на Арон, по инсистирање на Гаврил Радомир, Јован Владислав е единствениот што е поштеден.

На чело на Самоиловото царство доаѓа откако во август 1015 година при лов подмолно го убива тогашниот владетел Гаврилo Радомир. Според Јован Скилица, при тоа ја убива и жената на Гаврил Радомир, Ирина од Лариса, и го ослепува нивниот најстар син. Покрај тоа, гледајќи претендент за престолот во Самоиловиот зет и владетел на Дукља, Јован Владимир, го намамува да дојде во Преспа и наредува подмолно да се убие на 22 мај 1016 година.

Иако Владислав номинално ја признал власта на Византија, набргу дошло до разидување меѓу двата владетели и војската на Василиј II во 1016 година ја пустоши Пелагонија, ги опседнува Струмица и Перник и освојува неколку тврдини. Во февруари 1018 Joван Владислав бил убиен при опсадата на Драч, а неговата вдовица Марија со децата и соработниците им се предале на Василиј II. Со тоа Државата на Самуил престанала да постои.

Во Бугарија Јован Владислав се смета за бугарски цар.

Натписот на Јован Владислав[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Битолски натпис.
„Битолски натпис“ (11 век), Историски музеј, Битола

Натпис врз плочата на цар Jован Владислав, според читањето на Заимов и Мошин:

„Во 6523 година од сотворението на светот се обнови таа крепост sидана и правена од Јоан самодржец Болгарски и со помошта и со молитвите на пресветата владичица наша Богородица и застопувањето на врховните апостоли таа крепост беше направена за убежиште и за спасување и за животот на Болгарите. Започната беше крепостта Битола во месец октомври во 20 ден, а се заврши во месец ... во крај. Тој самодржец беше Болгарин по род внука на Никола и Рипсимија благоверните, син на Арон, кој е брат на Самуил цар самодржавен и кој двајцата ја разбија во Штипон грчката војска на Цар Василиј каде беше земено злато ... а този в ... цар бидува разбиен од Цар Василиј во 6522 година од сотворението на светот во Клуч и почина во крај на летото."

Според професорот Хорацио Лунт од универзитетот Харвард, таа е од времето на бугарскиот цар Иван Асен II, околу 1230 година. Натписот се чува во Историскиот музеј во Битола.

Извори[уреди | уреди извор]


Гавраил Радомир >>> Јован Владислав, цар на Самоиловото царство (10151018) >>> Пресијан II