Прејди на содржината

Битолски натпис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Битолска плоча
Слика од оригиналната плоча, поставена во Музејот во Битола.
Материјалмермер
Големина98 cм × 61 cм × 27 cм (3.22 ст × 2.00 ст × 0.89 ст)
Натписикирилично писмо
Создаден1202/3[1] или ок. 1230.[2][3]
Откриен1956
во Сунгур Чауш-беговата џамија, Битола
Сегашна локацијаЗавод и музеј Битола

Битолскиот натпис или Битолска плоча е откриен во 1956 година во битолската Сунгур Чауш-бегова џамија, а денес се наоѓа во Завод и музеј во Битола.[4]

Таа била првата џамија во Битола изградена во 1435 година. Се наоѓала на левиот брег на реката Драгор во близина на сточниот пазар.[5] Плочата е пронајдена под прагот на главниот влез и најверојатно е употребена како градежен материјал од урнатините на средновековната тврдина. Тврдината била уништена со освојувањето на градот од Османлиите во 1385 година.

Плочата е со димензии 98см x 61см x 27см. Со самото нејзино пронаоѓање голем број научници на средновековието, слависти и јазичари пројавиле интерес за неа.

Натписот на плочата

[уреди | уреди извор]

Она што со сигурност е зачувано од текстот, се 12 реда испишани со старословенско кирилично писмо. Иако постои несогласување во датирањето и дешифрирањето на натписот, истражувачите се согласни за ортографското и лингвистичкото значење на овој натпис.

Оригиналниот зачуван текст од плочата, во 12 реда.[6]

Проблеми со датирањето

[уреди | уреди извор]
Битолскиот натпис - горна страна, на кој се видливи трагите од примарно користење на плочата, (најверојатно во римскиот период).[7] Со тоа отпаѓа теоријата на Заимови дека постоел горен прв ред на плочата.

Главниот проблем на оваа плоча е нејзиното датирање, бидејќи на неа не е зачувана јасно годината за нејзината изработка. Па, така денеска постојат 4 групи на научни поделби.

Компјутерски фалсификуван приказ на плочата од Битола. Компјутерски е додадена годината ЅФКВ (6523 г.), што би значело 1015/1016 година.
Манипулативна ново-исклесана плоча, со 13 реда текст (која не е верна копија), варијанта на Битолскиот натпис во историскиoт музеј во Софија. Направена само да послужи на текстот измислен од Заимови.

Една група научници кои тврдат дека годината е 1218, а со тоа дека станува збор за бугарскиот цар Иван Асен II, кој владеел во периодот 1218-1241. Во оваа група спаќаат видните професори и познавачи на областа на Средновековието и средновековните лингвистичките форми: професорот од Харвард Хорас Лант[8][9], професорот на Браун Универзитетот во Род Ајленд, САД, Роберт Матисен[мртва врска][10] како и многу други. За разлика од останатите, Хорас Лант, работел и со фотографии, но и со копија од текстот искалапена во латекс[9], а направена од Ихор Шевченко[мртва врска], кој исто така е Византиски и палеословенски професор по класична филологија на Дамбартон Оукс. Затоа Лант, ги отфрла датирањата на Заимови, но и ставовите на Мошин, кои биле под влијание на Заимови.

Битолскиот натпис - горна страна.

Втора група научници кои тврдат дека плочата е од периодот 1015-1018[11] и ја поврзуваат со царот Јован Владислав, син на Арон (братот на царот Самоил кој всушност бил убиен од Самоил во борбата за превласт)[12], кој го управувал Самуиловото царство. Во оваа група спаѓаат, Владимир Мошин (според кој постоел и лев дел од плочата и не се согласува целосно со толкуваниот текст од страна на Заимови).[13][14] Бугарскиот брачен пар Јордан и Василка Заимови[15][16][17] и впрочем нивните настапи за точноста на текстот, во кои тие допишуваат сосема нов почетен ред за да ја докажат годината, е она што фрла сомнеж кај останатите сериозни Византолози и начници на Средновековието.[10] Како и Радмила Угринова-Скаловска, која плочата ја датира со годината 1017, слично како и Владимир Мошин, но со допонително толкување на текстот.[18] Оние автори кои се согласуваат со ова датирање (секундарно ја преземаат годината токму од овие тројца автори).[19][20][21][22][23][24] Некои од нив работено со фалсификуваните фотографии од плочата на која компјутерски е допишана годината (ЅФКВ), како и комплетно ново-исклесаната плоча (која не е верна копија на оригиналот) по текстот измислен од брачниот пар Заимови која и денес се наоѓа како експонат во Музејот во Софија, Бугарија. Тие не само што измислиле цел еден нов почетен ред, туку го реставрираат целиот исчезнат текст.

Третата група научници, смета дека постои можност оваа камена плоча да е реупотребена во 13 век, односно дека на неа работеле двајца различни автори[10]. Оваа теза ја пропагира Роберт Матисен, кој смета дека е недопустливо Заимови, да не ја увиделе разликата во формите на буквите и затоа смета дека критиката на професорот Лант е исправна. Тој точно опишува кои букви се разликуваат во горниот дел од плочата, со оние од долниот дел. Како и да е, тој укажува дека овој споменик е од голема важност за кириличната школа, без разлика на дилемите околу нејзиното датирање.

Во четвртата група спаѓаат современи истражувачи, како Елена Костиќ, како и угледниот грчки археолог, професор на факултетот во Солун, Георгиос Веленис, кои се појасно укажуваат дека можеби се работи за фалсификувана плоча[7], слична на онаа пронајдена во Воден на 6 Октомври, 1997, за која и самиот директор на Бугарските Национални Музеи, Божидар Димитров изјави дека е Бугарски фалсификат од 19 век[25]. Односно, плоча исклесана од страна на Бугарската војска и поставена на одредена позиција, за некој случајно да ја пронајде во иднина.

Токму овие двајца научници, во периодот пред 2016 ја имаат анализирано плочата и откриле дека во горниот дел има канали и дупки кои имале за цел да држат метални спојници, а со тоа дефинитивно ја побиваат и отфрлаат Бугарската теза дека постоел уште еден горен ред, кој впрочем прави плочата да има 13 реда, наместо оригиналните 12. За нив ова е јасен доказ дека плочата потекнува од римски градба, а е употребена секундарно во средниот век. Тие не запреле тука, туку даваат ново датирање, а тоа е годината 1202-1203, која совршено се вклопува со владеењето на Бугарскиот владетел Иван Први, попознат како Калојан (1197-1207), а со тоа се отфрлаат и тезите за Бугарското потекло на Самоиловиот род.[26]

Сомнежот за фалсификат на самата плоча не е исклучен и од други автори, за кои употребените термини (кои за прв пат се јавуваат на еден средновековен натпис), титулите и настаните употребени во самиот натпис, оставаат кај нив простор за сомнеж дека се работи за автентичен натпис, а во најмала рака секундарно додаден текст во друг период, само да се вклопи во Бугарската националистичка претензија кон Македонската историја и територија.[26][27][28][29]

Проблеми со титулите од натписот

[уреди | уреди извор]

Бугарите за да докажат бугарскиот карактер на Самоиловото Царство ја користат тнр. Битолска плоча од некој Јоан, Цар и Самодржец бугарски.[18] Ако се прочита плочата, ќе се види дека натписот воопшто не одговара на ранокириличен натпис. Имено, зборот „Цар“ кај словенските народи се јавува од крајот на XII век, како скратеница од латинскиот збор „Цезар“, што го потврдува и бугарскиот историчар Георги Бакалов.[30] Во старословенскиот јазик до XII век, се користел поимот Цезари (Цри) за терминот Цар (на пр. натписот на Мостич). Зборот самодржец (словенски) т.е. автократ (лат.) се јавува за време на Второто Бугарско Царство, во XIII век. Лант ги демантира и вели дека целосно ја „фалсификувале содржината на плочата за да се извади заклучок на она што тие го посакуваат, а не вистината“, додавајки си свои зборови и години. Понатаму, харвардскиот професор пишува:

"Заимови уверено го „реставрираат" најголемиот дел од текстот, вклучувајќи датуми и сакаат да го ПРИКАЖАТ она што тие го ПРИЖЕЛКУВААТ како непобитен доказ за бројни историски настани, инаку непознати.[9]

За жал, дури ни од далеку нема докажани критериуми за утврдување рано јужнословенски натпис и епиграфскиот материјал е раштркан и екстремно контроверзен. Со должна почит, морам да ја демантирам проценката на Мошин дека текстот (од плочата) одговара на раниот XI век. Палиографските и јазичните аргументи на Заимови се неточни и наивни. Една основна поента: Мошин јасно го забележува фактот дека годината (на плочата) што тој уверено ја реставрира како 6522 (1014) е излижана.[31]

Навистина годината (на плочата) не е прикажана на ниедна фотографија (забележете дека плочата 2 на Заимови е фризирана-дотерана на необјаснив начин, додека плочата 3 е искрено цртеж), ниту пак годината (на плочата) е најдена на латекс отпечатокот кој (од плочата) го зел Проф. Игор Севченко од Dumbarton Oaks. Претпоставувајки дека плочата не содржи дата, некој може да си додаде 6 и на крај 2 и вертикална линија со делумно поврзување кое може да биде Ф (500); но изгледа многу повеќе како ПС (700) зад кој следи простор доволен за М (40). Ако некој тогаш го претпостави бројот како 6742, годината би била 1234. Ова убаво одговара со правописот и јазикот (на плочата) и го идентификува Иван како Асен II, кој ја освоил Македонија 1230 г. Тоа ги урива неточните историски објаснувања елаборирани од Заимови..."[9]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Georgios Velenis, Elena Kostić (2016). Proceedings of the 23rd International Congress of Byzantine Studies. Belgrade: The Serbian National Committee of AIEB and the contributors 2016. стр. 128. ISBN 978-86-83883-23-3.
  2. Horace Lunt, Review of "Bitolski Nadpis na Ivan Vladislav Samodurzhets Bulgarski: Starobulgarski Pametnik ot 1015–1016 Godina" by Iordan Zaimov and Vasilka Zaimova, Slavic Review, vol. 31, no. 2 (Jun. 1972), p. 499
  3. Robert Mathiesen, The Importance of the Bitola Inscription for Cyrillic Paleography, The Slavic and East European Journal, 21, Bloomington, 1977, 1, pp. 1–2.
  4. Меѓу најзначајните наоди од овој период презентирани во музејската поставка е епиграфскиот споменик мермерната плоча со кирилско писмо на Јован Владислав од 1015/17 година. Страница Архивирано на 28 август 2008 г. на Заводот за заштита на спомениците на културата, музеј и галерија Битола, Археолошка музеjска поставка.
  5. Градот Битола / Манаст’р по османлиското освојување во 1385. Скопје: Каламус. Занемарен непознатиот параметар |уеar= (help); На |first= му недостасува |last= (help)
  6. Стојков, Доц. Д-р Стојко (2014). „Битолската плоча - Дилеми и Интерпретации“. https://www.researchgate.net/. Надворешна врска во |work= (help)
  7. 7,0 7,1 Proceedings of the 23rd International Congress of Bуzantine Studies. Белград: The Serbian National Committee of AIEB and the contributors 2016. стр. 128. ISBN 978-86-83883-23-3. Архивирано од изворникот на 2023-01-23. Посетено на 2021-03-09. Занемарен непознатиот параметар |уеar= (help); На |first= му недостасува |last= (help)
  8. Lunt, Horace. On dating Old Church Slavonic bible manuscripts. // A. A. Barentsen, M. G. M. Tielemans, R. Sprenger (eds.), South Slavic and Balkan linguistics, Rodopi, 1982, p. 230.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 Horace G. Lunt, "Slavic Review", Vol. 31, No. 2 (Jun., 1972), p. 499.
  10. 10,0 10,1 10,2 Mathiesen, R. The Importance of the Bitola Inscription for Cуrilic Paleographу // The Slavic and East European Journal, 21, Bloomington, 1977, 1, pp. 1-2.
  11. Бурмов, Александър. Новонамерен старобългарски надпис в НР Македония // сп. Пламък, 3, София, 1959, 10, с. 84-86.
  12. Зборник радова Византолошког института. Белград: Византолошки Институт - САНУ. стр. 75–99. Занемарен непознатиот параметар |уеar= (help); На |first= му недостасува |last= (help)
  13. Мошин, Владимир. Битољска плоча из 1017. год. // Македонски јазик, ХVІІ, Скопjе, 1966, с. 51-61.
  14. Мошин, Владимир. Уште за битолската плоча од 1017 година // Историjа, 7, Скопjе, 1971, 2, с. 255-257.
  15. Заимов, Йордан. Битолски надпис на Иван Владислав, старобългарски паметник от 1015-1016 // София, 1969.
  16. Заимов, Йордан. Битолският надпис на цар Иван Владислав, самодържец български. Епиграфско изследване // София, 1970.
  17. Заимов, Йордан. Битольская надпись болгарского самодержца Ивана Владислава, 1015-1016 // Вопросы языкознания, 28, Москва, 1969, 6, с. 123-133.
  18. 18,0 18,1 Угринова-Скаловска, Радмила. Записи и летописи // Скопjе, 1975, 43-44.
  19. Микулчиќ, Иван, "Средновековни градови и тврдини во Македонија", Македонска академија на науките и уметностите, Скопје, 1996, глава Раносредновековни фортификации, стр. 69.
  20. Срђан Пириватрић, "Самуилова држава. Обим и карактер", Византолошки институт Српске академије науке и уметности, посебна издања књига 21, Београд, 1997, стр. 183.
  21. Академик Г. Г. Литаврин, "Прошлое и настоящее Македонии в свете современных проблем", зборник "Македония - проблемы истории и культуры", Институт за словенски науки при Руската академиjа на науките, Москва, 1999.
  22. Божилов, Иван. Битолски надпис на Иван Владислав // Кирило-методиевска енциклопедия, т. І, София, 1985, с. 196-198.
  23. Џорђић, Петар. Историjа српске ћирилице // Београд, 1990, с. 451-468.
  24. Томовић, Г. Морфологиjа ћирилских натписа на Балкану // Историjски институт, Посебна издања, 16, Скопjе, 1974, с. 33.
  25. Димитров, Божидар (2.10.1997). „Надпис за "Самуил, цар на балгари и ромеи" открит вов Воден“. Континент. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  26. 26,0 26,1 Georgios Velenis, Elena Kostić, (2016). Texts, Inscriptions, Images - The Issue of the Pre-Dated Inscriptions in Contrarу with the Falsified. The Cуrillic Inscription from Edessa. Софија: Институт за изследване на изкуствата, БАН. стр. 113–127. ISBN 978-954-8594-65-3. Занемарен непознатиот параметар |уеar= (help); line feed character во |title= во положба 102 (help)CS1-одржување: излишна интерпункција (link)
  27. Кон етногенезата на македонскиот народ. Скопје: Наша книга. Занемарен непознатиот параметар |уеar= (help); На |first= му недостасува |last= (help)
  28. Македонската еманципација на Балканот. Скопје: Матица македонска. ISBN 9786081002782. Занемарен непознатиот параметар |уеar= (help); На |first= му недостасува |last= (help)
  29. Битолската плоча - дилеми и интерпретации. Скопје. стр. 94–102. ISBN 978-608-65524-6-6. Занемарен непознатиот параметар |уеar= (help); На |first= му недостасува |last= (help)
  30. Средновековният български владетел: Титулатура и инсигнии. Софија: Анубис. стр. 155–158. ISBN 9789544261092. Занемарен непознатиот параметар |уеar= (help); На |first= му недостасува |last= (help)
  31. Словенска писменост: 1050-годишнина на Климент Охридски. Охрид: Народен Музеј - Охрид. стр. 39. Занемарен непознатиот параметар |уеar= (help); На |first= му недостасува |last= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]