Сунгур Чауш-бегова џамија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сунгур Чауш-бег џамија
Сунгур Чауш-беговата џамија во 1914 година
Основни податоци
МестоБитола, Македонија
Припадностислам
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилосманлиска
Завршен1434/1435
Урнат1956
Особености
Куполи1
Минариња1
Сунгур Чауш-беговата џамија во 1920 година

Сунгур Чауш-бег џамија — првата изградена џамија во Битола и една од најстарите џамии на Балканот. Срушена е во 1956 година.

Изградба на џамијата[уреди | уреди извор]

Првата џамија во Битола ја изградил Сунгур Чауш-беј во 1434/35 година. Заедно со Хаџи Кам (1420) џамијата во Скопје, тие биле едни од најстарите џамии на Балканот. Сместена на левиот брег на реката Драгор во близина на Овчи Пазар*, била позната и како „Ески“, „Атик“ или „Солак“ џамија. Некои историчари со неа ги поврзуваат и првите зачетоци на чаршијата, бидејќи околу биле изградени дуќани, ан и пазар.[1]

Градителот на џамијата Сунгур Чауш-бег[уреди | уреди извор]

Сунгур Чауш-беј бил еден од војсководците на султанот Мурат II, кој потекнувал од овие краеви и како млад бил земен како данок во крв. Според турскиот историчар, мајорот Мехмед Тефик (Историја на Битолскиот Вилает)[2] враќајќи се од војна против Скендер-бег, на Сунгур Чауш-бег му се допаднала положбата на Битола и го замолил султанот Мурат II да му дозволи да се насели тука. Желбата му била одобрена и еден од неговите први зафати бил обновувањето од темели на џамијата, која всушност била стара црква претворена во џамија. Во негова чест џамијата била наречена Сунгур Чауш-бег џамија.[1]

Откривањето на Битолската плоча[уреди | уреди извор]

Сунгур Чауш џамијата била срушена во 1956 година. При нејзиното уривање пронајдена е камена плоча на која со кирилско писмо е напишано името Битола (Битолска плоча / Битолски натпис), а која денес се чува во НУ Завод и музеј - Битола. Плочата настанала при обновувањето на битолската тврдина од царот Иван Владислав (1016-1017) и на неа, меѓу другото, пишува: „Со помош на молитвите на пресвета владичица Богородица и со застапување на врвните 12 апостоли се обновува градот Битола“. Оваа плоча била поставена на видно место во тврдината, во која имало и катедрална црква.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2020-10-11. Посетено на 2021-01-03.