Лука Групчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Luka Grupchev Ohrid IMARO.JPG
Роден 19 октомври 1874
Охрид
Починал 30 јули 1947
Софија, Бугарија


Лука Групче е македонски револуционер и учител од Охрид. Охридски и струшки војвода на ВМОРО.

Биографја[уреди | уреди извор]

Роден е на 19 октомври 1874 г. Доаѓа од познатиот охридски род Групчеви (Групчe)[1]. Завршува гимназија во Софија, а потоа учителствува во Охрид и Ресен. Од 1903 година преминува во нелегалност, и за кратко е четник при Тома Давидов. Учествува на Смилевскиот конгрес на ВМОРО како претставител на Охридскиот реон, кадешто е избран за член на Охридското горско началство. Секретар е на четатата на Јаким Алулов и потоа самостоен војвода во струшкото село Дримкол за време на Илинденското востание.[2].

По Востанието пребегнува преку Албанија и Црна Гора во Бугарија, кадешто потоа работи како секретар на 3-та женска гимназија во Софија[3]. Во 1904 година се вклучува во Задграничното претставителство на ВМОРО.[4] При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година е доброволец во Македоно-одринското ополчение и служи во 9-та велешка дружина. За покажаната храброст добива сребрен медал. Во Охридско-Дебарското востание во септември 1913 година Групчев влегува во привремената управа на Охрид.

1938-1939 година, заедно со Лазар Томов и Христо Танушев е член на редакциониот комитет на списанието „Илустрација Илинден“.[5]

Починал во Софија, на 30 јули 1947 г.

Видете исто[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедија Македоника, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 408
  2. Илустрација Илинден, год. V, бр. 7-8, стр. 22
  3. Енциклопедија Македоника, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 408
  4. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главна управа на архивите, 2006, стр. 188.
  5. Български периодичен печат 1878-1944. Анотиран библиографски указател, т. І, А-М, Софија 1962, с. 372.