Иван Карадак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Иван Карадак
Роден(а) ?
?
Починал(а) 17 декември 2017
Скопје, Македонија Македонија
Националност македонец
Занимање сатиричар и драматург

Иван Карадак (? - Скопје, 17 декември 2017) — македонски писател, драматург и сатиричар, нарекуван таткото на модерната македонска сатира. Најпознат бил по емисијата „Хихирику" што секоја недела одела на првата програма на македонското радио, во 11 часот, цели четириесет години.

Биографија[уреди | уреди извор]

Карадак бил автор на театарските претстави: „Угоре високо – Удолу длабоко”, „Хумористична партија “, адаптацијата на текстот „Како да ја убиеш сопругата и зошто”, три новогодишни претстави за деца, првонаградената радио-драма „Мајче” и многу други. Автор бил и на неколку книги: афоризмите „Коприварник”, сатиричните песни „Талкач по душата“, сатиричните песни „Записи врз водата”, куси сценарија „Лајач на месечина” и најновата книга афоризми „Мисли со Боцки “. Бил автор и на многу телевизиски драми и серии, меѓу кои: првонаградената „Цвеќе на карпатa “, познатите „Камчевци”, „Алф од Ново Лисиче “, „Ало Ало “, „Агенција осамени срца”, „Балканбенд ” и други.

Добитник на многу награди меѓу кои државната награда „Св. Климент Охридски“. Негова ќерка е македнската писателка Марта Марковска.[1] Починал во Скопје на 17 декември 2017 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]