Климент Бојаџиев
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
![]() | |
Роден | 15 април 1861 Охрид, Отоманска Империја, денес Република Македонија |
---|---|
Починал | 15 јули 1933 Софија, Бугарија |
Климент Ефтимов Бојаџиев (бугарски: Климент Бояджиев) (15 април 1861 - 15 јули 1933) бил генерал во бугарската армија и министер за одбрана на Бугарија. Учествува во Српско-бугарската војна (1885) година, Првата Балканска војна (1912-1913), Втората Балканска војна (1913) и Првата Светска војна (1915-1918).
Во период од 15 април 1915 до 7 септември 1915 година, генерал-мајор Климент Бојаџиев бил началник на Штабот на бугарската армија.
Во Првата Светска војна бил началник на Прва Бугарска Армија, со која учестува в бојот кај Костур и Лерин - како началник на Леринската операција.
Има добиено неколку ордени:
- Орден "За храброст" 2-ри ред
- Орден "Свети Александар" 2-ри ред
- Орден "За воена заслуга" 4-ти ред
- Орден "За заслуга"
Извори[уреди | уреди извор]
- Недев, С., „Командването на българската войска през войните за национално обединение“, София, 1993, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, стр. 109-110