Прејди на содржината

Владо Жура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Владо Жура
Роден Владимир Ангеличин-Жура
3 ноември 1946(1946-11-03)(78 г.)
Охрид, СФРЈ
Националност Македонец
Занимање новинар

Владо Жура (Владимир Ангеличин-Жура, р. 3 ноември 1946 во Охрид) — македонски новинар и публицист.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Владо Жура бил уредник на Радио Охрид (1961-1975), а потоа уредник на весникот на ГП „Трудбеник” во Охрид (1975-1997). Автор е на голем број написи и во дневниот и во седмичниот печат, а посебно значајни се неговите истражувачки радио и телевизиски емисии посветени на минатото на Охрид: циклусот од над 150 неделни едночасовни емисии „Реликвија”,[2] посветени на минатото на Охрид – врз основа на истражувањата низ архивите во Охрид, Скопје и во Софија; циклусот од 20 получасовни радио емисии посветени на охридската староградска песна;[3] циклус од 15 телевизиски емисии инспирирани од трубадурската охридска песна и друго. Исто така, особено значајни се и неговите истражувања во областа на генеалогијата на охридските фамилии.[4]

Автор е на повеќе книги од кои посебен интерес побудува „Жура за Жура“ (1995, две изданија).[5] Од рани години се занимава со документарна и уметничка фотографија, познат е и како рецензент и промотор на бројни книги, фотоизложби и музички настани. Добитник е на ред пофалби, дипломи и признанија како и на највисокото признание на Општина Охрид за 1985 за вонредни постигнувања на полето на информирањето, уметноста и културата.

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Жура“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 546. Text "series " ignored (help)
  2. Д-р Никола Бошале - Охридска визита, 1997
  3. Стојан Златаноски - Охридски Трубадури, Скопје 2009
  4. Kapka Kassabova - To The Lake / Кон Езерото
  5. Жура за Жура , Охрид 1995 https://issuu.com/8061/docs/zurazazura