Антички амфитеатар, Охрид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Панорама на античкиот амфитеатар во Охрид, - 2014 година

Градителите на античкиот амфитеатар во Охрид имале прецизно испланирано каде да ја сместат градбата, во центарот на издигнатиот стар град. Отворениот амфитеатар има совршена локација, како и двете ритчиња (Горни Сарај и Дебој) кои го заштитуваат од ветрови, кои можат да му пречат во звукот за време на музичките изведби. Античкиот амфитеатар во Охрид бил изграден во хеленистичкиот период, т.е. во 200 година п.н.е. и е единствениот хеленистички амфитеатар, бидејќи другите три (во Скупи, Стоби и Хераклеа Линкестис) се од римските времиња. Не е јасно колку луѓе можел да собере оригиналниот амфитеатар, бидејќи сега постои само долниот дел.

Користење на амфитеатарот[уреди | уреди извор]

За време на римскиот период, театарот бил користен и за гладијаторски борби. Но, бидејќи амфитеатарот се користел и за егзекуција на христијаните од страна на Римјаните, тој станал омразено место кај локалното население. Всушност, како резултат на таа омраза, театарот бил напуштен и покриен со земја од страна на локалното население по падот на Римската Империја. Откриен е случајно, а подоцна во целост. Сега, амфитеатарот се користи за време на фестивалот „Охридско Лето“, т.е. за музички изведби. Амфитеатарот нуди прекрасен поглед на Охридското Езеро и планината Галичица на југоисток.