Здравко Точко
Изглед
| Здравко Точко | ||
| Роден | 22 март 1943
Охрид, Царство Бугарија | |
|---|---|---|
| Починал | 26 декември 2014 (возр. 71) Скопје, Македонија | |
| Занимање | фудбалер и судија | |
Здравко Точко (Охрид, 22 март 1943 - Скопје, 26 декември 2014 ) — истакнат македонски фудбалер и фудбалски судија, своевремено и младински репрезентативец на Југославија.
Животопис
[уреди | уреди извор]Точко е роден на 22 март 1943 година во Охрид. Кариерата ја започнал во ФК Охрид. Тој е поранешен младински репрезентативец на Југославија и поранешен фудбалер на Вардар, Победа Прилеп, Загреб од Загреб и Раднички од Ниш, член на претседателството на Фудбалскиот сојуз на Југославија, поранешен претседател на судискиот одбор при Фудбалскиот сојуз на Македонија и долгогодишен фудбалски судија во македонската лига и поранешната југословенска фудбалска лига. Починал во Скопје на 26 декември во Скопје.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Почина познат македонски истакнат судија и фудбалер“. Архивирано од изворникот на 2014-12-28. Посетено на 2015-02-13.