Охридски пливачки маратон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Охридски пливачки маратон — меѓународно натпреварување во пливање на отворени води. Се одржува еднаш годишно во водите на Охридското Езеро во Македонија. Патеката „Климе Савин“ за препливување е долга 30 км — од манастирот „Свети Наум“ до Градското пристаниште во Охрид. Маратонот претставува дел од Гран при серијата на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА).

Историја[уреди | уреди извор]

Првата маратонска трка на релацијата „Горица – Охрид“, во должина од 2,5 км, е одржана во 1954 г. Учествувале осмина пливачи, а победил Нико Нестор. Следните се одржани во 1956 и 1957 година, победници Дики Бојаџи и Ѓоко Чудов. Се натпреварувале и жени, а најдобри биле Снеже Групчева и Соња Думбалоска. Првиот вистински маратон се одржал во 1962 година на патеката Пештани - Струга - Охрид во должина од 36 км и победил Абу Хеиф од Египет, втор бил Вилјам де Вренг од Холандија, а трет Дики Бојаџи од Македонија. Во женска конкуренција победила Атина Бојаџи од Македонија, инаку сестра на Дики Бојаџи. Маратонот продолжил да се одржува до 1966 г. (со исклучок на 1963 г. поради Скопскиот земјотрес), a од 1992 г. се одржува секоја година на патеката „Климе Савин“. Од 1998 г. натпреварувањето е дел од програмата на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА)[1]. Во 2008 г. маратонот е одбележан со голема прослава.

Натпреварувачот со најмногу победи кај мажите (11 од 20 учества[2]) е бугарскиот пливач Петар Стојчев[3], а кај жените 4-кратната победничка од кои 3 последователни победи - Едит ван Дајк од Холандија.

По традиција наградите на победниците им ги доделува претседателот на Република Македонија, кој воедно е и покровител на маратонот.

Табела на победниците[уреди | уреди извор]

Година Победник Националност Време (h:m:s) Победничка Националност
1962 Абу Хеиф Египет Египет Атина Бојаџи Македонија Македонија
1964 Џулио Траваљо  Италија Јонкова  Бугарија
1965 Мохамед Ханафи Египет Египет Џудит Денис  Холандија
1966 Мохамед Ханафи Египет Египет
1985 Дарјуш Тесарек  Полска
1992 Павел Рамдисек  Словачка Теодора Раптис Македонија Македонија
1993 Золтан Каде  Унгарија Рита Ковач  Унгарија
1994 Хулио Фернандес  Аргентина Наташа Томановиќ  Хрватска
1995 Хулио Фернандес  Аргентина Наташа Томановиќ  Хрватска
1996 Давид Мека Медина  Шпанија Рита Ковач  Унгарија
1997 Давид Мека Медина  Шпанија Ане Шењо  Франција
1998 Давид Мека Медина  Шпанија Пеги Буксе  Германија
1999 Алексеј Акатјев  Русија Пеги Буксе  Германија
2000 Игор Мајцен  Словенија 5:19:49 Едит Ван Дајк  Холандија
2001 Петар Стојчев  Бугарија Едит Ван Дајк  Холандија
2002 Петар Стојчев  Бугарија Едит Ван Дајк  Холандија
2003 Петар Стојчев  Бугарија Ангела Маурер  Германија
2004 Петар Стојчев  Бугарија Ангела Маурер  Германија
2005 Жил Ронди  Франција 5:23:58 Едит Ван Дајк  Холандија
2006 Петар Стојчев  Бугарија 5:36:19 Дарја Поп  Србија
2007 Петар Стојчев  Бугарија Естер Нуњез Гомез Морера  Шпанија
2008 Петар Стојчев  Бугарија 6:14:51 Штефи Билер  Германија
2009 Петар Стојчев  Бугарија 5:25:38 Камила Фредијани  Италија
2010 Петар Стојчев  Бугарија 5:37:39 Карла Ситиќ  Хрватска
2011 Петар Стојчев  Бугарија 5:35:13 Карла Ситиќ  Хрватска
2012 Петар Стојчев  Бугарија 5:19:30 Естер Њуњес Гомес Морера  Шпанија
2013 Аксел Ремон  Франција 5:09:54 Мартина Грималди  Италија
2014 Брајан Рикеман  Белгија 5:41:47 Силие Рибарова  Чешка
2015 Евгениј Поп Ацев Македонија Македонија 5:39:42 Аличе Франко  Италија
2016 Томи Стефановски Македонија Македонија 5:55:18 Олга Козудуб  Русија
2017 Александар Стуџински[4]  Германија 5:15:14 Барбара Поцопон  Италија
2018 Франческо Џетини  Италија 5:13:59 Барбара Поцопон  Италија

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]