Евгениј Поп Ацев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Евгениј Поп Ацев
Лични информации
Целосно имеЕвгениј Поп Ацев
НационалностМакедонија Македонија
Роден на14 мај 1988
Роден воМакедонија
Спорт
ЗемјаМакедонија Македонија
СпортПливање
Дисциплинидалечинско (маратонско) пливање

Евгениј Поп Ацев (роден на14 мај 1988) - македонски маратонски пливач. Светски првак во маратонско пливање за 2015 година.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Евгениј Поп Ацев е роден на 14 мај 1988 година и по професија е доктор по стоматологија.[2]

Спортска кариера[уреди | уреди извор]

Во сезоната 2013, Поп Ацев бил второпласиран на конечната табела на гран-при серијата најдолги светски маратони на ФИНА, при што за еден бод заостанал зад победникот, Дамјан Блаум од Аргентина.[3][4]

Во сезоната 2014, повторно е второпласиран во гран при серијата најдолги светски маратони на ФИНА, овој пат второто место го делел со другиот македонски маратонец, Томи Стефановски.[5]

Во февруари 2015 година, на првата трка од гран-при серијата на пливачки маратони на ФИНА, која се одржала на реката Парана (25 км) во Аргентина, Поп Ацев го освоил четвртото место, со време од 2:11:50, заостанувајќи зад третопласираниот за само една секунда.[6]

На 29 Охридски маратон (2015 година), Евгениј станува првиот Македонец победник на Охридскиот маратон.[7]

Оваа сезона Поп Ацев ја заокружува со својот најголем и најголемиот успех на македонското маратонско пливање со освојување на првото место во гран-при серијата на пливачки маратони на ФИНА.[8]

Во сезоната 2016, со освојувањето на првото место на последната трка во Капри, Поп Ацев е третопласиран во гран при серијата најдолги светски маратони на ФИНА.[9]

Евгениј Поп Ацев

Награди[уреди | уреди извор]

Наведените успеси го доведуваат Поп Ацев да биде прогласен за спортист на годината на Македонија за 2015 година.[10]

Добитник е на наградата „Личност на годината“ за 2015 година на дневниот весник Нова Македонија.[11]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]