Томи Стефановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Томи Стефановски
Лични информации
Целосно име Томи Стефановски
Националност Македонија Македонија
Роден на 14 февруари 1971
Роден во Скопје
Спорт
Земја Македонија Македонија
Спорт Пливање
Дисциплини далечинско (маратонско) пливање

Томи Стефановски (роден на 14 февруари 1971), Скопјемакедонски пливач во далечинско (маратонско) пливање.

Биографија[уреди | уреди извор]

Томи Стефановски е роден во Скопје, на 14 февруари 1971 година.[1]

Спортска кариера[уреди | уреди извор]

На 14 август 2009 година, Стефановски го препливал каналот Ла Манш, постигнувајќи време од 7 часа, 42 минути и 32 секунди, што претставува 11 време во историјата на препливувањето на Ла Манш.[2] На тој начин, тој постанал третиот Македонец кој го препливал овој канал, по Нико Нестор во 1959 година и Атина Бојаџи во 1969 година.

Неколку сезони по ред, Стефановски се наоѓал во врвот на светското маратонско пливање, каде во гран-при серијата двапати бил четврти на конечната ранг листа во 2011[3] и во 2013 година[4]). Во сезоната 2014, на две трки до крајот, тој бил на првото место во гран-при серијата на најдолги светски маратони на ФИНА, со освоени 46 бодови,[5] но на крајот завршил на второто место во конечниот пласман.[6] Како признание на одличните резултати во сезоната, Стефановски се нашол на списокот на 11 пливачи кои Светската асоцијација за пливање на отворени води ги номинирала за изборот на најуспешниот пливач на отворени води за 2014 година. Притоа, во номинацијата било нагласено дека и покрај возраста и шесте операции на рамењата, Стефановски покажал вистински спортски дух.[7]
Стефановски ја завршил својата кариера во голем стил, како победник на 30. Охридски маратон (2016 година),[8] а со освојувањето на шестото место во Капри, тој имал ист број бодови со Стокино, со што ја поделил светската шампионска титула за 2016 година.[9]

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Томи Стефановски добил заслужено место во Куќата на славните во овој спорт, и тоа како прв пливач од Македонија. Свечената церемонија на приемот на новите членови се одржала на 4 ноември 2016 година во Сан Педро, Калифорнија, (САД)[10] Исто така, како признание на остварените успеси, во 2016 година Стефановски ја добил наградата „13 Ноември“, која ја доделува Сојузот на спортови на град Скопје.[11]

Види исто така[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]