Нико Нестор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ова е статија за пливачот. За револуционерот со истото име видете Нико Нестор (револуционер)
Нико Нестор
Роден 19 јуни 1934
Струга,  Кралство Југославија
Починал 26 февруари 2016(2016-02-26) (возр. 81)
Скопје, Македонија Македонија
Занимање пливач

Нико Нестор (роден како Никола Несторов) (Струга, 19 јуни 1934 - Скопје, 26 февруари 2016) — основоположник на македонското маратонско пливање и прв Македонец што го преплива Ла Манш. Тој бил предводник на славната генерација македонски пливачи маратонци заедно со Климе Савин, Атина Бојаџи и Дики Бојаџи кои ги поставиле основите на македонското маратонско пливање.

Животопис[уреди | уреди извор]

Нестор е роден на 19 јуни 1934 година во Струга. На републичките првенства освоил 14 титули, соборувајќи неколку републички рекорди во периодот од 1948 до 1967 година. На 19 август 1958 година година Нестор го остварил својот сон и станал првиот што го препливал Охридското Езеро од Св.Наум до неговата родна Струга. А една година подоцна, на 9 септември 1959 година, Нестор го направил и историскиот подвиг - станал првиот Македонец и првиот пливач од тогашна Југославија што го препливал каналот Ла Манш. Починал во Скопје на 26 февруари 2016 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]